Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Средба на организациите и општинските претставници од областа на туризмот во Долна Нормандија „Соработка-култура-туризам: предности и потенцијали“

Printer-friendly versionSend to friend
На 5 септември 2013 година, во Вилдје ле Поел, официјалните претставници од мешовитиот синдикат на Областа на Заливот Мон Сен Мишел организираа средба со цел да ги претстават  активностите во областа на културата и туризмот, во рамките на децентрализираната соработка Долна Нормандија/Македонија, реализирани во соработка со Локомотива и ЦИРа.
Врз основа на добиените резултати од соработката со пелагонискиот регион, учесниците од Долна Нормандија имаа можност да ги анализираат слабостите и предностите од извршените активности. Целта на средбата беше да се координира мрежа на различни чинители и структури кои работат во областа на културата и туризмот.
 
Средбата ја отворија градоначалникот на Вилдје ле Поел и Жан Бизе, претседател на мешовитиот синдикат на Заливот Мон Сен Мишел. Учесниците говореа за прашањата поврзани со културниот и туристичкиот развој, но и за меѓународната соработка меѓу двете територии. Меѓу присутните претставници од општините, зборуваше и г-ѓата Ани Ан, заменик претседател на Регионот Долна Нормандија, задолжена за меѓународни соработки при Советот на регионот.
Macedonian
16.09.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“