Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Со поголема амбициозност до поголема аудиовизуелна продукција!

Printer-friendly versionSend to friend
Во време кога министерката за култура и комуникации, Орели Филипети, го овластува Пјер Лескур да ја усогласи културната политика во ерата на дигиталните технологии, аудиовизуелната уметност се наоѓа во опасност. Системот за финансирање во Европа носи своевиден опасен парадокс: француските продуценти се поттикнати да работат и создаваат надвор од границите на Франција. Помошта која се нуди во разни европски земји е далеку позначителна од онаа во Франција. И обратно, условите што им се нудат на странските продуценти се поповолни од оние за домашните автори. Па произлегува дека овој сектор, инаку клучен за француската економија, се наоѓа во подредена положба поради застарените одредби.
 
IMG_3878
 
Ситуацијата не е од вчера. Уште во раните години на новиот век, во својот извештај до Националниот центар за кинотечна и анимирана уметност (ЦНЦ) посветен на „Аудиовизуелната продукција и нејзиното финансирање“ (2004 год.), Антоан Шварц даде повеќе констатации, а особено укажа на малата продукција на француски фикции во однос на другите големи европски земји, финансиската кревкост на продукциските куќи и промената на локациите на снимање и на постпродукцијата. Француското индустриско ткиво, чиј дел во тие години беше и аудиовизуелната продукција, поминуваше низ длабока криза поради промената на локациите на снимање и на постпродукцијата. Еден од приоритетите во спомнатиот извештај беше повторното враќање на продукцијата во Франција со помош на даночниот кредит. Се процени дека е неопходно да се зголеми користа за аудиовизуелната уметност од ваквиот механизам, кој првично беше воведен за потребите на кинотечната уметност. Делокализацијата уште повеќе ја засегаше аудиовизуелната отколку кинотечната уметност.
 
И ден-денес, француските продуценти имаат повеќе поволности надвор од Франција. Помошта што една француска продукциска куќа може да ја добие од ЦНЦ може да изнесува најмногу еден милион евра додека, пак, едно странско друштво може да располага со интернационален даночен кредит од 4 милиони евра. За споредба, другите европски земји нудат поголеми даночни кредити. Треба да се земат предвид и пониските износи за платените придонеси, студијата, па дури и за сценскиот декор. Така, многу често француските продуценти се принудени да снимаат надвор од Франција само за да ги обезбедат потребните средства. Во едно истражување што го спроведе пред две години, ЦНЦ укажа, правејќи споредби на меѓународно ниво, на потребата од попривлечни француски даночни кредити.
 
Редно време е власта да се заангажира околу оваа проблематика, која во никој случај не ги помага вработувањето, културното влијание и економската динамика. Потребно е од корен да се смени системот за помош за продукцијата. Таму лежи иднината на француската аудиовизуелна уметност за која зборуваме. Ако веќе странските продукциски куќи ги ползуваат даночните кредити за да снимаат во Франција, тогаш важно е до нив да имаат пристап и француските. Во спротивно, без реформа на системот, ќе останеме во игра со никакви средства, а сигурно е дека заинтересираните европски продуценти попрво ќе соработуваат со француските чинители спремни да работат надвор отколку со оние кои работат во границите на Франција.
 
Обединувајќи талентирани продуценти под иста капа, групата „Невен“ („Телфранс“, „Капа“ и „Би авер“) е доказ за виталноста на француската креативност. Од нејзиното основање во 2008 година, одлуката да работам за доброто на аудиовизуелниот сектор произлегуваше од еден прост факт: неверојатното зголемување на бројот на расположливи канали ќе ја зголемеше потребата од нови содржини. Група за аудивизуелна продукција од типот на „Невен“ несомнено претставува важен економски и социјален чинител: во моментов, тука се вработени - посредно или непосредно - над илјада лица. Меѓутоа, „Невен“ не застанува тука: аудиовизуелната, како и кинотечната уметност, е инструмент за културно влијание. А дистрибутерите се свесни дека треба да ја оживеат и француската култура.
 
Аудиовизуелната уметност е вистински расадник на таленти: автори, глумци, продуценти, режисери... Од неа живеат десетици илјади луѓе во нашата земја. Ако сакаме амбициозните репертоари да видат „бел ден“ и на наше тло, правилата на играта треба да и` ја повратат атрактивноста на француската територија. Само така нашите производи понатаму ќе можат да се пробијат на меѓународниот пазар. Телевизијата „made in France“ треба да може да се извезува како луксузна роба. Пред се`, затоа што динамиката на аудиовизуелниот сектор придонесува и кон преуредување на производниот процес!
 
*„Невен“ (Newen) е продуцент на аудиовизуелни дела (го сочинуваа „Телфранс“, „Капа“ и „Би авер“).
 
 
Macedonian
14.12.2012
Извор: Ле Монд (Le Monde)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“