Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработка меѓу Карпош и Флери-сур-Орн

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на соработката помеѓу Општина Карпош и Општина Флери-сур-Орне од Франција, од 18 до 23 ноември 2013 година во Карпош ќе престојуваат 8 млади лица со лесна интелектуална попреченост од Медициско-образовниот институт на Флори-сур-Орне од Долна Нормандија, Франција. Оваа посета се реализира за проектот „Флори-Карпош: филм за една средба“ каде што младите ќе реализираат краток филм за двата збратимени града. Преку интервјуа со жителите на Флери-сур-Орн и Карпош, овие млади Французи ќе работат на аудиовизуелна репортажа која ќе биде претставување на овие два града.   
 
За време на нивната 5 дневна посета во Македонија, младите лица ќе имаат можност да се запознаат со убавините и потенцијалите на Општина Карпош, Скопје и Охрид. Сите нивни впечатоци ќе бидат пренесени во краток филм за Карпош кој ќе биде прикажуван во Франција. Во вторник во 11 часот во Месната заедница Влае 1 ќе биде прикажан краткиот филм за Флори кој младите веќе го изработиле. За таа прилика делегацијата ќе се сретне со Градоначалникот на Карпош, г. Стевчо Јакимовски.
 
Овој проект за младите лица со лесна интелектуална попреченост е значаен за нивниот личен развој и социјална инклузија. Придружувани од 5 професионални социјални работници и филски работници, младите работат на стакнување со вештини за работење со нови технологии. Исто така, патувањето има силен аспект за социјална интеграција, запознавање со нова земја, јакнење на свеста за други култури итн.
 
Општина Карпош и Флери-сур-Орне соработуваат од 2012 година и нивната соработка беше означена преку Договор за соработка потпишан во декември 2012 година со кој се предвидува размена во неколку области: култура, спорт, социјална инклузија и културно наследство. Оваа соработка е поддржана од страна на Прогрмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Macedonian
18.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“