Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Регионот Долна Нормандија во Македонија: потпишување на Спогодба за продолжување на соработката

Printer-friendly versionSend to friend

Во рамките на програмата за децентрализирана соработка на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, предводен од г-ѓа Корине Фере, заменик претседател задолжена за образование, беше во официјална посета на Република Македонија, во Скопје и Охрид, од 4 до 7 јули 2012 година.

Најбитниот настан за време на посетата беше обновувањето на спогодбата за соработка со Република Македонија. Во име на претседателот Лоран Бове, г-ѓа Фере ја потпиша спогодбата за соработка со г. Невзат Бејта, Министер за локална самоуправа на Република Македонија. На попишувањето му претходеше работна средба меѓу Министерот и заменик – претседателката, на тема децентрализација и регионален развој во Македонија како и идните перспективи за соработка. Спогодбата беше потпишана во присуство на неговата екселенција г. Жан Клод Шлумберже, амбасадор на Франција во Македонија и претседателот на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), која е координатор на програмата, г. Ориано Оточан.

Делегацијата од Долна Нормандија беше примена кај Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов. Претседателот ја поздрави соработката со Долна Нормандија и го истакна придонесот во зајакнување на француско - македонските односи и развојот на франкофонијата во Македонија. Тој нагласи дека потпишувањето на спогодбата за соработка меѓу македонското министерство за локална самоуправа и регионот Долна Нормандија е чекор напред за зајакнување на соработката и за зближување на културните и европските вредности на овие две територии.

За време на посетата во Македонија, г-ѓа Фере ја додели наградата за најдобар филм на Фестивалот на француски филм во Охрид. Регионалниот совет на Долна Нормандија го подржува фестивалот од 2011 година. Кинематографската култура на Долна Нормандија беше прикажана преку 5 краткометражни филма и филмот „Спорт за девојки“, како дел од официјалното натпреварување. Делегацијата се сретна со партнерите од програмата како и со претставници од македонските општини кои соработуваат со Долна Нормандија. По тој повод, г-ѓа Фере ја водеше работната средба со македонските општини и со општините Каен и Вистреам од Долна Нормандија

Регионот Долна Нормандија соработува со Република Македонија од 2006 година. Оваа програма, поддржана од Министерството за надворешни работи на Франција, вклучува околу 30 партнери од Долна Нормандија, меѓу кои асоцијации, локални самоуправи, школски и културни установи и исто толку од Македонија. Работејќи во шест области, млади, нови технологии, културно наследство, туризам и земјоделство, соработката подржува иницијативи за размена на искуства и европски партнерства за да го поттикне отворањето на Долна Нормандија кон светот. 

 

Macedonian
09.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“