Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Претставниците на Областа Мон Сен Мишел и Македонија покажуваат волја за соработка

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian

Делегација од Областа Мон Сен Мишел ја посети Македонија во периодот од 1 до 6 октомври 2012 година. Центарот за институционален развој – ЦИРа и Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата - Локомотива ја придружуваа делегацијата за време на престојот и ги претставија туристичките и културните потенцијали на Македонија.


Целта на студиската посета беше двете страни да најдат заеднички интереси со цел да започнат соработка во областа на туризмот и културата и на тој начин да се вклучат во програмата за децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.


Делегацијата од Областа Мон Сен Мишел се сретна со претставници на ЦИРа со цел да разговараат за туризмот и за туристичката промоција на двете територии. Претставниците на ЦИРа го претставија планот да направат на проценка на туристичкиот потенцијал и да го придружуваат процесот на подготвување стратегија за развој на туризмот на ниво на Југозападниот плански регион. Експерти од Областа Мон Сен Мишел со своето практично искуство и експертиза ќе ја придружуваат ЦИРа во остварувањето на таа активност, а партнерите ќе работат и на партиципативната методологија која има за цел промовирање на туристичките потенцијали на двете територии.


Делегацијата, придружена од ЦИРа, оствари средба со претставници на Министерството за локална самоуправа и Туристичката комора на Македонија каде се зборуваше за предностите и предизвиците за развојот на туризмот во Македонија, на локално, регионално и национално ниво. Наредниот ден, делегацијата посети повеќе општини од Југозападниот плански регион како Струга каде се сретна со директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Вевчани, каде во присуство на претставници од општината, членовите на делегацијата имаа можност да се запознаат со природното богатство на градот.


Наредните два дена беа посветени на запознавање со состојбата во областа на културата во Пелагонискиот плански регион. Локомотива ја придружуваше делегацијата и тие заедно ја посетија општината Могила каде што се сретнаа со градоначалникот на општината, но и со културните работници кои дејствуваат со многу ентузијазам за да ги зачуваат македонските културни традиции преку фестивали и други културни активности. Тие исто така имаа средба со директорката на националната институција „Завод и Музеј Битола“, со директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со директорот на центарот за култура и со претставници на Младински Културен Центар во Битола.


На крајот на четирите работни дена, двете страни покажаа волја и иницијатива за идна соработка врз основа на дефинираните цели. Двете територии се многу слични од аспект на културата и туризмот, две области за кои француските и македонските партнери ќе се обидат да работат заедно.

 

12.10.2012
youtube.com

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“