Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Претставена соработката Долна Нормандија/Македонија во Брисел

Printer-friendly versionSend to friend
Во Комитетот на регионите во Брисел, на 9ти и 10ти април оваа година, по трет пат се одржа настанот „Децентрализирана соработка и развој“. Овој настан на годишно ниво ги обединува претставниците на локалните власти од целиот свет, со цел да се промовира децентрализираната соработка и проектите на соработка ширум светот.

Во рамките на настанот се одржа и конференцијата за соработка на земјите од Европа и Балканот, на која беше претставен и Регионот Долна Нормандија од страна на Ани Ан, заменик-претседателка задолжена за меѓународни и европски прашања во Регионалниот Совет на Долна Нормандија. На конференцијата беше промовирана третата фаза на децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија, но и резултатите од анализата произлезена од изминатите шест години, колку што официјално трае соработката. Со помош на оваа анализа беа идентификувани досегашните територијални и регионални потреби на двете територии врз кои се темели новата етапа на нивната соработка.
Присуството на Регионот на оваа територија, не значи дека ја врши работата на Европската Унија наместо неа. Станува збор за трасирање на заеднички пат, втемелен врз соработката како заеднички процес“, рече заменик-претседателката Ан. Специфичноста и додадената вредност на делувањето на Долна Нормандија се одвива во три насоки: долгорочно делување и резултати, зајакнување на капацитетите и взаемно влијание и размена. „Зајакнувањето на капацитетите е воедно и заедничката нишка на нашето делување“, додаде таа.
Јасно е дека нашата соработка не се одвива во една насока. Соработката постои и е замислена со цел да им биде од корист на двете територии и на двете нации. Тоа е навистина важен сегмент бидејќи го зајакнува отворањето кон Европа и светот, ја зајакнува моќта на соработката и води кон обединување во еден заеднички живот“.

Регионот Долна Нормандија присуствуваше на оваа конференција заедно со други локални власти: Фриули- Венеција Џулија (Италија), Кантонот Сараево (Босна и Херцеговина), регионот Истра (Хрватска), претставници на локалните власти и асоцијации: Советот на европски општини и региони и неговата француска подружница AFCCRE, АЛДА (Асоцијација на агенции за локална демократија) и ЕПА (која го промовира развојот на проекти помеѓу ЕУ и Балканот).
Macedonian
11.04.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“