Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Предлог-законот за формирање на тандеми од маж и жена за малку немаше да биде усвоен

Printer-friendly versionSend to friend
Иако 86% од генералните совети се составени од мажи, текстот за малку ќе беше одбиен во Собранието и предлог-законот мораше да се гласа во два наврати
 
Во вторникот, Националното собрание беше само на чекор од одбивање на предлог-законот на министерот за внатрешни работи Мануел Вал што има за цел да се воведе тандем од маж и жена во секој кантон за изборите на ниво на департман, а бројот на пратеници од десницата и левицата ќе биде речиси ист за време на гласањето.
 
Претседателката на седницата, Лоренс Думон (Социјалистичка партија - СП) мораше во два наврати да предложи гласање со кревање на рака за да ги преброи пратениците кои беа за и против предлогот за одбивање на текстот поднесен од партијата Унија за народно движење (УМП). Таа на крај заклучи дека предлогот не се усвојува иако опозицијата протестираше.
 
„Ние имаме значително мнозинство“, истакна Гијом Лариве (УМП), додека пак Франсоа Соваде (Унија на независни и демократи - УДИ) изјави дека е „вознемирен“ бидејќи според тоа што можел да го види имал чувство дека тие се побројни.
 
Националното собрание ќе дебатира цела седмица за овој предлог-закон кој има тежок парламентарен пат. Предлог-законот беше одбиен од Сенатот и усвоен од Собранието во првото читање, беше изгласан на 15 март во второ читање во Сенатот кој сепак ја отфрли главната одредба, тандемот маж-жена, мерка што пратениците се подготвуваат да ја воспостават. Сепак, тие на крајот ќе го имаат последниот збор, по размена на текстот меѓу двата дома на францускиот парламент.    
 
Според оваа реформа, во секој од кантоните чиј број ќе се подели на два (од 4 000 на 2 000), избирачите ќе посочат, преку мнозински изборен модел во два круга, тандем составен од еден маж и една жена кој ќе ги претставува во Советот на ниво на департман, идното име на генералниот совет. Во моментов, само 14% од генералните советници се жени.
 
„Изговор за да направат измени во административните поделби“
 
„Единствениот начин на гласање кој дозволува да се гарантира истовремено близината (со избирачите, забелешка на уредникот) и еднаквоста е гласање за два кандидати - еден маж и една жена во два круга, потцрта Мануел Вал на говорницата. Тандемот, му одговори Гијом Лариве, „е пронајдок кој всушност ви дава изговор, по ваша желба, да правите целосни измени на административните поделби во сите кантони“.
 
Предлог-законот содржи и други одредби, а некои од нив веќе беа усвоени и од пратениците и од сенаторите, како извештајот за избори на ниво на департман и на ниво на регион за 2014 година (година обременета со општински, европски и сенаторски избори) до 2015 година и благо менување на распределбата на советниците по арондисмани во Париз. 
Текстот што го изгласаа пратениците ги намали на 10% запишаните избирачи, наместо сегашната бројка од 12,5%, потребниот праг за одржување на втор круг на избори на ниво на департман. Сенатот ја задржа бројката од 12,5%, а собраниската комисија за закони се сложи со овој предлог.
 
Во однос на општинските избори, и Собранието и Сенатот го намалија демографскиот праг кој се применува за мнозинскиот изборен модел за тандем маж-жена, половина пропорционален, половина мнозински, кој сега се применува за општините во кои живеат повеќе од 3 500 жители. Но сенаторите одбраа нов праг од 1 000 жители, додека пак пратениците гласаа за најнизок праг од 500 жители. Мануел Вал во вторникот кажа дека е за 1 000 жители, а известувачот Паскал Попеле (СП) потврди дека прашањето „ги дели градоначалниците од сите текови“.
 

 

Macedonian
29.03.2013
Извор: Либерасион (La Libération)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“