Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Оска на соработка: Попис на културно наследство

Printer-friendly versionSend to friend

Носители на проектот

● Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство (МК)
 
Во Република Македонија во рамките на процесот на децентрализација општините стекнуваат нови надлежности, особено во делот со раководење на културното наследство и урбан развој. Целта на активностите е да се развие заедничко размислување за политиките за културно наследство, да се изработат методи, алатки и стратегија со цел да се заштити, вреднува културното наследство и да се подигне свеста на граѓаните како алатка за социјален и економски развој.
 
Заштита на културното наследство во урбаните средини во Македонија е итно поради зачестеното уништување или реконструкција и немањето на соодветни закони. Во Долна Нормандија малку општини имаат усвоени алатки за заштита и вреднување на културното наследство, според моделите на заштитени сектори, архитектонски градови или области со заштитено културно наследство. Случувањата од поблиската историја предизвикаа значителни промени во изгледот на градовите, како на пример градот Каен во Долна Нормандија. Политиките за заштита и вреднување на културното наследство би можеле повеќе да бидат зајакнати. 
 

Цели

• Зајакнување на способностите на административните работници во областа на урбанизам на културното наследство
• Поттикнување на дијалогот меѓу општинските советници и административните работници поврзани со проблематиките за спроведување на соодветни политики за културно наследство 
• Вмрежување на локалните единици за да не бидат изолирани во нивните пристапи и да работат заеднички
• Дефинирање на методологија за оперативен попис меѓу сите чинители со цел да се создаде алатка за заштита и управување на културното наследство.
 

Активности

• Идентификување на пилот градови во кои би можело да се реализира оперативниот попис на културното наследство;
• Следење на првата етапа на пописот на културно наследство во Македонија 
• Конференција за претставување на француските алатки за заштита и вреднување на културното наследство, организирана во Франција. На конференцијата беа претставени активностите водени во Македонија.
 

 

Macedonian

Најнови вести

Вести од соработката | Културно наследство
18.06.2012

Од 17 до 22 јуни 2012 година делегација од Француска национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (ANVPAH&VSSP), ќе ја посети Македонија. Оваа мисија ќе се оствари како дел од децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија и во партнерство со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство. 

>>>
Вести од соработката | Културно наследство
09.03.2012

Можноста да се зачуваат архитектонските бисери и да се стават во функција на одржливиот развој беше во фокусот на конференцијата посветена на стандардите за заштита на наследството што на 9-ти март годинава се одржа во Велес. На конференцијата, организирана од Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство и Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на македонската асоцијација го потенцираше значењето на ова соработка.

>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“