Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Урбанизација на културното наследство

Printer-friendly versionSend to friend

Од 17 до 22 јуни 2012 година делегација од Француска национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (ANVPAH&VSSP), ќе ја посети Македонија. Оваа мисија ќе се оствари како дел од децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија и во партнерство со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство. 

За време на престојот во Македонија, француската делегација заедно со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство ќе оствари работни посети во Берово, Кратово и Битола со цел да се продолжи со анализата и пописот на културното наследство во овие градови. Во Крушево, кој од неодамна стана членка на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, ќе биде организирана студиска посета за да се запознае неговото културно наследство и да се идентификуваат предизвиците за негова урбанизација. На ваков начин Крушево ќе се вклучи во активностите на Оската „Попис на културно наследство“ кои се спроведуваат веќе една година. Во Кратово и Берово работата на терен ќе се одвива заедно со раководителите на Одделенијата за урбанизам во Општините. Француската делегација и македонските претставници ќе работат и на предложената методологија во рамките на соработката.

Мисијата ќе биде заокружена со две средби со Францускиот институт во Скопје и со Асоцијацијата Налас NALAS.

 
Macedonian
18.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“