Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Обука „Граѓанско учество и можности за финансирање на граѓански иницијативи“

Printer-friendly versionSend to friend
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) ја претставува обуката на тема „Граѓанско учество и можности за финансирање на вакви иницијативи“ која ќе се одржи од 18 до 22 ноември 2013 година во Страсбур.
Регионот Долна Нормандија доделува грант за учество на обуката за партнерите на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Грантот ги покрива трошоците за запишување на обуката, за транспорт, за сместување и за оброци. На обуката можат да се пријават претставници од локалната самоуправа и од здрженија на граѓани. Само една апликација по организација/општина ќе биде земена предвид.
Обуката им нуди можност на учесниците да ги развијат своите знаења за поимот активно граѓанство во европски рамки и исто така за улогата што тие можат да ја имаат за развој на активното граѓанство на локално, национално и европско ниво.
 
Другиот аспект што ќе се разработи за време на обуката се однесува на управување со проектите „Европа за граѓаните“ и за можностите за финансирање на овие проекти во европските програми. Конечно, учесниците ќе имаат можност да се посветат на изучување на терминологијата поврзана со управување на европски проекти.
За да аплицирате, испратете ја Вашата апликација (мотивациско писмо и кратка биографија) на aldastrasbourg@aldaintranet.org до први ноември 2013 година.
Macedonian
28.10.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“