Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Областа Мон Сен Мишел и Пелагонија се поврзуваат преку културата

Printer-friendly versionSend to friend
Во периодот од 26 до 30 јуни 2012 година, во рамките на Oската “Културни политики” претставници од Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата - Локомотива и од Пелагонискиот регион ќе заминат на студиска посета на неколку градови од Областа Мон Сен Мишел.

Оваа посета ќе овозможи размена на информации и знаења за начинот на работа и организација на секторот за култура и туризам согласно постоечките политики и програми кои се спроведуваат во општините од оваа област. Преку остварените средби и дискусии ќе се направи работна рамка за отпочнување на еден процес во 2013 година преку кој ќе се мапираат потенцијалите, проблемите и потребите во доменот на културата, можностите за воспоставување на меѓусекторска соработка со културата, туризмот и младите; формите за воспоставување на меѓуопштинска и меѓуинституционална соработка во областа на културата. Целта е да се планира долгорочен развој на овој сектор и  меѓурегионална соработка (Областа Мон Сен Мишел – Пелагонија). Оваа работна посета ќе овозможи запознавање со  територијално-административната организација на Областа Мон Сен Мишел и начинот на распределба на надлежности во креирањето и спроведувањето на јавни политки.

Во рамките на посетата ќе се претстават резултатите од културната дијагноза (мапирање на културни актери и институции) кои работат во оваа област, која се спроведе од страна на Регионалниот центар за култура, етнологија и техника во Долна Нормандија - CRéCET во 2012 година. Исто така ќе се реализираат средби и запознавање со работата на неколку културни институции од оваа област.
 
Macedonian
22.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“