Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Културно наследство, сеќавање и помирување – централни оски на новата тригодишна програма за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
Од 5 до 8 ноември 2013 година, делегација на Регионалниот совет на Долна Нормандија имаше официјална посета во Македонија. Целта на посетата беше да се означи крајот на втората етапа од децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија, како и да се започне третата фаза која ќе трае од 2013 до 2016 година.

Завршниот Управен одбор на македонските партнери се реализира на 5ти ноември 2013. На на 6ти ноември се одржа средба на Одборот за стратешко планирање составен од Регионот Долна Нормандија, Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија, Француската амбасада во Скопје како и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), како координатор на програмата.

На 7ми ноември 2013 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа Ден на компаративно право во организација на Институтот за човекови права и мир од Каен во соработка со Француска амбасада од Скопје и Правниот факултет од Каен, Франција. На оваа средба насочена кон административното право учествуваа професори и студенти од Франција и Македонија. Оваа средба е иницијатива поттикната благодарение на динамичната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Господинот Александар Фоло, Директор за меѓународна соработка и европски фондови на Регионот Долна Нормандија ја предводеше една од сесиите.

Исто така, истиот ден во Велес се одржа свеченото отворање на изложбата за попис на културно наследство, реализиран претходните три години во пет македонски града во рамките на програмата за децентрализирана соработка. Оваа изложба, како и активноста во целост, овозможија процес на јакнење на јавна свест кај градоначалниците и општинските советници на тема културно наследство.

Целта на постата во македонија беше да се започне новата етапа на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија за периодот од 2013 до 2015 година. Централни теми на оваа нова програма ќе бидат: културно наследство, колективно сеќавање, помирување и човекови права. Овие теми се отсликуваат на два значајни настани за 2014 година: 70 години од истоварувањето во Долна Нормандија и сто години од почетокот на Првата светска војна и Источниот фронт во Македонија. Во наредните три години, програмата за соработка предвидува многубројни размени на овие теми помеѓу чинители од двете територии.
Macedonian
20.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“