Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Интервју со г-ѓа Ани Ан, Заменик претседател на Регионот Долна Нормандија (Амбасада на Република Франција во Македонија)

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian
По нејзината службена посета во Македонија во јуни оваа година, Г-ѓа Ани Ан, Заменик претседател на Регионот Долна Нормандија од Франција, одговори на неколку прашања и ги претстави насоките за понатамошниот тек на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. 
 
1. Соработката со Регионот Долна Нормандија е една од најважните за Македонија. Кои се најважните елементи од програмата за време на Вашата посета во Македонија по повод Фестивалот на француски филм?
 
Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија се развива веќе неколку години и видливи се повеќе конкретни резултати, пред сè разновидноста и големиот бројот на партнери од Долна Нормандија и Македонија кои се вклучени во соработката: здруженија на граѓани, локални и регионални власти, средни училишта, културни институции итн. 
 
Земјата ме импресионира: нејзиниот народ кој многу добро владее со познавањето на идејата за Европа, со Франкофонијата, со сите предизвици на државата при влез во Европската Унија. Се работи за една амбициозна земја, горда на своите вредности и пред сè со желба и можност да игра голема улога во процесот на евро-интеграциите заедно со своите соседи. Тоа е земја со важни предности, со оглед на географската позиција, како и врските кои постепено ги негувала со земји членки на ЕУ, како што е Франција.
 
Бев срдечно пречекана и мислам да ја продолжам и целосно да ја поддржам оваа соработка која започна во 2006 година и зад која стојат голем број на локални и централни власти, со кои имав можност да се сретнам, како и Амбасадорката на Франција, нејзината екселенција Оер, на која исто така и се заблагодарувам.
 
2. Кои се приоритетите на децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија во наредните 3 години?
 
Институционална соработка со цел да се поттикне децентрализацијата и рамномерниот регионален развој
Децентрализацијата е столб на локалната демократија чија основа е во развојот на локалните власти. Програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија има цел да ја поттикне иновативноста во овој домен и да ја поддржи Македонија да го открие искуството на Франција на тоа поле. Оваа оска на соработка беше во прв план за време на мојата посета.
 
Заеднички предизвик на Долна Нормандија и Македонија е меѓународна промоција и соработка и создавање на европска иднина. Од таа причина, европската интеграција останува важен и сеопфатен елемент во сите активности за размена: мобилност на младите, зајакнување на капацитетите на јавната локална администрација, образование на полето човекови права.
 
Целта е да се работи за зајакнување на оваа соработка и со тек на време да се одредат нови перспективи за работа, пред сè на економски план, како што напомена нејзината екселенција, г-ѓа Оер, за време на нашата средба.
 
Мобилноста на младите луѓе претставува исто така предизвик. Поттикнувањето на мобилност на млади луѓе од Нормандија во Македонија и обратно, претставува важен процес и ангажман на двете земји.
 
3. Дали за Вас или за Регионот Долна Нормандија постои проект кој би сакале да го истакнете?
 
Класифицирање на плажите на истоварувањето на сојузниците во Нормандија (Денот Д) како светско културно наследство наУНЕСКО
 
Македонија и Регионот Долна Нормандија се познати по своите природни и културни богатства. Зачувувањето на културното наследство подразбира повеќе аспекти: валоризација, подигање на свеста на населението и промоција. Многу често, овие места од културно значење го носат бремето на историјата, но во исто време и потенцијалот за сеќавање и помирување.
 
Првата светска војна и Источен фронт: заедничка историја
 
Историите на Македонија и Франција се преплетуваат во повеќе наврати, а највпечатлив период е оној за време на Првата светска војна. Безброј истражувачки, културни, историски и образовни проекти се предвидени со цел да сведочат за еден од најтешките периоди за Европа. Сето тоа со единствена цел да се промовира заедничко разбирање и мир.
 
07.08.2013
http://www.ambafrance-mk.org

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“