Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови

Printer-friendly versionSend to friend

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија силно ги поддржува сите директни соработки помеѓу општини од двете територии со цел да ја промовира локалната демократија преку секаков вид размени. 

Во рамките на оваа програма се создадоа седум соработки: 
1. Охрид (МК) – Каен (ФР)
2. Струга (MK) – Вистрам (ФР)
3. Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-мер (ФР)
4. Дебар (МК) – Иф (ФР) 
5. Берово (МК) – Ливаро (ФР)
6. Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР)  
7. Карпош (МК) - Флери-сур-Орн (ФР)
 
 
Темите на соработка помеѓу збратимените градови се разноврсни: млади, култура, културно наследство, одржлив туризам, земјоделство, животна средина итн. Иако овие партнерства се должат на динамичната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, локалните власти од двете територии се независни во нивните активности и самите ги градат акционите планови за соработка. 
За повеќе информации околу локалните власти во Долна Нормандија и Македонија консултирајте ги Децентрализација во Франција и Децентрализација во Македонија
 
Организацијата „Солидарни Хоризонти“ и Канцеларијата на соработката во Скопје имаат задача внимателно да ги следат односно координираат овие соработки, како и да придонесуваат за создавање на нови контакти и партнерства. Во Франција и во Македонија се формирани работни групи на градови кои учествуваат во соработката. Целта е да се овозможи место за дебата и размена на добри искуства и практики, што би допринело за развој и збогатување на оваа меѓународна соработка на општините кои се дел од соработката.
 
За повеќе информации симнете ја: Повелбата на локалните власти од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија.
 
Збратимувањата на општини од Долна Нормандија и Македонија овозможуваат размени помеѓу жители од двете земји, размени кои придонесуваат за подобро заедничко запознавање и разбирање. Овие елементи се неопходни за промоција на европското граѓанство. 
 
За повеќе информации консултирајте ги следниве страни: 

 

Macedonian

Најнови вести од збратимување на градови

Вести од соработката | Збратимување на градови
24.05.2012
На 29 мај 2012, градот Шербур ќе ги пречека градоначалникот на Велес, Горан Петров и директорите на велешкиот музеј и библиотека. Велешката делегација ќе се сретне со претставниците на библиотеката и музејот на Шербур и ќе ја посети националната сцена на театарот.
За време на четирите работни дена двата града ќе зборуваат за културните политики и за иднината на нивната соработка. Шербур и Велес, во рамките на програмата за децентрализирана соработка работат на темите од културата и животната средина.
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
25.04.2012
- Средба на општините од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија -
На 25 април, во просториите на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, во Каен, се одржа средба на општините и градовите кои соработуваат со Македонија. На состанокот беа присутни претставници од градовите: Каен, Иф, Ерманвил-сур-мер, Шербур и општините: Ливаро, Сен Жам, Вистреам и Флери-сур-Орн.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“