Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Доделени е финансиска помош на 23 организации од граѓанскиот сектор во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на програмата ЦИВИКА мобилитас којашто ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа, а ја финансира швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), претставена од швајцарската Канцеларија за соработка во Македонија, на 14.12.2012 година беа доделени грантови на 23 организации од граѓанскиот сектор во Македонија со вкупен буџет од 44.009.615 денари.

Осум организации добија грантови за проекти во висина од 15.225.129 денари за спроведување на активности во различни општини, седум организации кои веќе имаа добиено грант добија одобрение за продолжување на финансиската помош во 2013 година и осум нови организации за првпат добија финансиска поддршка од оваа програма. Финансиската поддршка за институционалните грантови е 28.784.486 денари.

Организациите од граѓанскиот сектор што ќе бидат поддржани во 2013 година работат во различни области како: човекови права, меѓуетнички односи, образование, култура, млади, социјална заштита, здравство, развој на заедницата, рурален и регионален развој, транспарентност и одговорност, финансии и даноци, заштита на животните, енергетска ефикасност. Сите општини во Република Македонија се покриени со работата на овие организации.

Главната цел на ЦИВИКА мобилитас е да придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и кон нивната одржливост. Програмата е наменета за директно постигнување на овие цели со финансиски инструменти за поддршка на организациите од граѓанскиот сектор, односно проекти и институционални грантови кои се доделуваат на годишно ниво.

Педесет и девет граѓански организации беа поддржани со програмата ЦИВИКА мобилитас со 115 доделени грантови од почетокот на спроведувањето на програмата (јули 2009) до сега.

Програмата ЦИВИКА мобилитас ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа, а финансиски ја поддржува швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) претставена од швајцарската Канцеларија за соработка во Македонија. За повеќе информации посетете го сајтот http://www.civicamobilitas.org.mk
 

 

Macedonian
27.12.2012
Извор: cira.org.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“