Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Вистрам (Sword Beach) ќе биде домаќин на меѓународната манифестација по повод 70. роденден на истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија, во 2014 година

Printer-friendly versionSend to friend
Кадер Ариф (Kader Arif), министер при Министерството за одбрана, задолжен за одделот на воените ветерани, денес офцијално соопшти дека Вистрам (Ouistreham) ќе биде домаќин на меѓународната манифестација по повод 70. роденден на истоварувањето на сојузничките сили, на 6 јуни 2014 година.
 
Соопштението беше објавено овој четврток во 13 часот, на плажата во Вистрам, во областа Калвадос.
 
Токму во Вистрам, на „Сворд Бич” (Sword Beach), на 6 јуни 2014 година, ќе присуствуваат претседателите на сите држави за да ја прослават 70. годишнината на истоварувањето на сојузничките сили.
„Сворд бич” досега не била домаќин на голема меѓународна манифестација.
Соопштението за изборот на Вистрам беше објавено во присуство на тројца ветерани – командоси на Кифер (Kieffer).
 
Сворд Бич е најисточната плажа на која пристигнаа сојузничките сили. Теоретски се протегала од Лангрун (Langrune) до Вистрам, но поради стратешки воени причини, нападот бил изведен на фронтот кој се наоѓал поблиску од предвиденото.  
 
Британската 3-та дивизија, предводена од генералот Рени (Rennie), се истоварила пред Ерманвил (Hermanville), со помош на посебни тенкови. Таа била поддржана од страна на авијатичката единицата „зелени беретки“, двете бригади на командоси, односно 4-та бригада и првата бригада на Лорд Ловат (Lord Lovat) која во своите редови броела 177 француски стрелци-маринци, предводени од генерал-полковник Филип Кифер (Philippe Kieffer).  
 
Првата бригада го заземала Вистрам преку крвавите улични борби, пристигнала до мостовите на Беновил – Pegasus Brigade (Bénouville – Мостот Пегаз) и Ранвил (Ranville), а потоа го предводела спојувањето со падобранците. За да дознаете повеќе, посетете ја интернет страницата на Normandie Mémoire.
 
На 6 јуни, 30000 британски војници се истоварија на Сворд Бич, од кои 700 ги загубија своите животи.
На 7 јуни, се обединија со канадските трупи на Џуно Бич (Juno Beach).

Потег за бришење на грешката на „историскиот оддел“?

Изборот на Вистрам ќе им понуди утеха на локалните власти, воените ветерани и сите жители, кои минатиот април се почувствуваа повредени по неуспешната иницијатива на шест центри за туризам на Калвадос и Ламанш кои се обединија под едно име „историските плажи на истоварувањето“.
Овие чинители од областа на туризмот, поддржани од страна на претседателот на Регионалниот совет на Калвадос, одлучија да направат понуда со тематика од втората светска војна со создавање на заеднички бренд „историски оддел на плажите на истоварувањето на воените сили“.
Но, плажата Сворд Бич (Вистрам) не беше дел од овој оддел, а тоа подигна бран на огорченост. Англискиот и канадскиот печат исто така го покажаа својот револт, поради тагата која изразија нивните воени ветерани.
Соочени со голем број на реакции, овој проект згасна за неколку дена.
 
Изборот за одржување на меѓународната манифестација во Вистрам, по повод 70-годишнината од истоварувањето на воените сили, несомнено ќе наиде на позитивни реакции како правилен избор кој ја истакнува неговата вистинската вредност.
 
Macedonian
06.06.2013
www.basse-normandie.france3.fr

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“