Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Винсен Пејон го објасни предлогот за реформа на образованието

Printer-friendly versionSend to friend

Во интервју за Либерасион (Libération) министерот за образование, Винсен Пејон зборуваше за проектите за училиштата, особено за школската мапа или реформата на школското темпо. „Ќе изработиме нова поригорозна школска мапа“, изјави министерот за да се зголеми социјалната, но и школската разноликост наредната школска година од 2014 година. Целта е да се убедат родителите дека спортот не треба да се изостави од школската мапа.

Vincent Peillon
 
Денес, во основно училиште има четириесет и четири дена годишно со часови за учениците, а пред укинувањето на деветтиот пола ден, пред четири години, имаше сто и осумдесет. Во просек, во другите европски земји има сто и деведесет. Сепак, нашите програми се многу напорни и нашите ученици имаат екстремно тешки денови на училиште.“ Министерот потврди дека со реформата во основното училиште ќе бидат вратени часовите во среда наутро.
 
Специјалниот фонд којшто владата ќе го деблокира за да им помогне на општините да ја спроведат реформата на образованието од 2013 година би можел да биде поголем од 250 милиони евра кои ги спомена од Франсоа Оланд, вели Винсен Пејон. Шефот на државата изјави на 20 ноември дека преминувањето кон неделата од 4,5 дена во основното училиште ќе се одвива „во текот на две години“ во 2013 и 2014 година, одговарајќи на тој начин на загриженоста на градоначалниците кои бараат време наспроти трошокот за воншколските активности,  училишниот транспорт, мензата... 
 
Фонд од повеќе стотици милиони евра
 
Тој истакна дека „специјалниот фонд од 250 милиони евра“ ќе им биде доделен, според одредени критериуми на руралните општини или на оние општини на кои тоа им е најпотребно и кои сакаат да ја применат реформата од 2013 година. „Оваа недела ќе се донесат одлуки“ во врска со фондот. „Се работи за повеќе стотици  милиони евра, што е малку за буџетската ситуација во која се наоѓаме“, истакна Пејон. Прашан за тоа што мисли дали „може да има повеќе од 250 милиони евра“, Пејон одговори: „Ќе видиме. Можеби ќе има повеќе. (...) Премиерот наскоро ќе го најави (износот на фондот). „Јас би сакал тоа да биде во текот на неделата затоа што на општините им треба време да се организираат“, додаде тој. 
 
Всушност, учениците ќе имаат порастеретени денови „кога ќе имаат пет часа (предавање) дневно“, наспроти шест часа и понекогаш и повеќе како што имаат сега, потсетува министерот. „Минимумот е четириесет и пет минути (предавање) помалку, повторува тој. „Со територијалните образовни проекти луѓето ќе дискутираат на локално ниво„, за да се продолжи паузата за ручек или да се излезе во 15 часот или 15:30 часот за да се посети музеј или да се спортува, објаснува Пејон. „Одредени синдикати бараат правилото да биде исто секаде, односно сите да излегуваат во 15:45 часот. Јас од друга страна, сметам дека можеме да ги организираме работите на интелигентен начин (...) и да им оставиме простор на екипите да бидат флексибилни, заврши министерот.
 
Macedonian
18.12.2012
Извор: Ле Монд (Le Monde)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“