Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Активно учество за зајакнување на локалната демократија во Косово

Printer-friendly versionSend to friend
Искуството од проектот Долна Нормандија/Македонија претставено во Приштина - На 15 и 16 мај околку 50 претставници на општини и граѓански организации од Косово се сретнаа во Приштина во рамките на програмата на Европската Унија „Луѓе за луѓе“ со цел да дискутираат за можностите за поголемо учество на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки на локално ниво во Косово. 
Ивана Димитровска, одговорна за канцеларијата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија учествуваше на настанот и го претстави Кодексот на добри практики за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки на Советот на Европа. Таа исто така ја истакна како добра практика методологијата на оваа соработка да вклучува локални избраници, припадници на локалната администрација, граѓанскиот и приватниот сектор активностите.
 
Зајакнување на локалната демократија е главна цел на оваа програма за соработка. Сите активности од соработката го поттикнуваат учеството на граѓаните и граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки. Друг важен елемент на соработката е јакнење на свеста кај локалните избраници колку е важно да се поттикне активносто учество на граѓаните. Учеството на овој настан се вклопува со целите на проектот да се прошират активностите на регионално ниво, на Балканот.
Macedonian
16.05.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“