петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > Инвентаризација на културнo наследство – нова оска на соработката

Инвентаризација на културнo наследство – нова оска на соработката

23 февруари 2011 - Соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија
23-25 февруари 2011 година, Велес, Македонија

Работна средба помеѓу Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори и Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство со цел реализирање на првата фаза од соработката во областа на инвентаризација на културно наследство.

Оваа седмица започнува работната средба помеѓу Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори и Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство со цел реализирање на првата фаза од соработката во областа на попис на културно наследство.

Посетата ќе започне со средба на четири-члената француска делегација, предводена од Директорката на Асоцијацијата, г-ѓа Марилиз Ортиз (Marylize Ortize), со градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров. Работната посета, во времетраење од три дена, продолжува со голем број на активности и средби, во кои ќе учествуваат архитекти од различни градови и региони во Македонија, како што се: Крушево, Куманово, Кавадарци, Кратово, Штип и Берово.

Активностите ќе се заокружат со презентација на методологијата за инвентаризација на архитектонското наследство во локалните заедници. Презентацијата ќе се одржи во општинската зграда во Велес, во 12 часот. Инвентаризацијата ќе овозможи зајакнување на капацитетите на општините во заштитата на архитектонското наследство и неговото ставање во функција на развојот на туризмот.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA