петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Збратимување: четворица средношколци по враќањето од Македонија – Демувил

Збратимување: четворица средношколци по враќањето од Македонија – Демувил

долна нормандија - 21 јуни 2010

Камил, Пол, Луси и Корали, четворица средношколци од комитетот за збратимување, се вратија од престојот во Македонија, поранешна Југославија.

Едно од најплодотворните патувања, за време на кое на широко се разговараше со младите домаќини, меѓу другото, за организираноста на школството во своите две земји. „И открија дека постојат многу заеднички точки во двата система“, објаснува Моник Годфрој, претседателката на комитетот за збратимување која ги придружуваше младите во оваа авантура.

Се разбира, на широко се зборуваше и за Европа и за ангажираноста на нејзината младина. „Македонците сонуваат да влезат во заедницата, додека пак, нашите млади се родени европејци. Нивните очекувања, значи, се прилично поинакви.“ И од едната и од другата страна на границата, секој посакува овие размени да станат навика. Средбите веќе се закажани. „Веќе од следната година, се очекува една група македонци во Демувил, додава претседателката на комитетот за збратимување. За да се организира овој престој, ќе доставиме апел до партнерството за Секторот млади при општината и при Европска куќа“. За 20-тиот роденден на Денот на Европа кој ќе се слави во 2011 година, и Македонија ќе биде дел од привилегираните гости. Останува да се изнајдат уште нови начини за одржување на ова пријателство во зародиш.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA