петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Партнери > Локомотива - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата

Локомотива - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата

Локомотива - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата
Иван Милутиновиќ 29/3
1000 Скопје
Македонија
Тел/Факс: +389 2 3 245 726
Е-маил: contact@lokomotiva.org.mk
Веб страна: http://www.lokomotiva.org.mk/

Контакт:
Виолета Качакова
Проект менаџер
Мобилен: +389 75 299 886
Е-маил: violeta.kachakova@gmail.com

Историја на здружението

Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата постои од 2003 год.

Во изминатите пет години има реализирано над триесет проекти (филмови, претстави, едукативни/тренинг програми, дебати, дискусии, изложби итн.) со интернационален и регионален карактер.

Визија

Локомотива да биде динамично и отворено место за креирање и творење. Локомотива да биде платформа, извор на информација, поттик, инспирација, за креирање; платформа за развивање на теоретски и уметнички дискурси, размена на информации и знаење, искуства и идеи; платформа која ќе овозможи творење на нови, иновативни дела кои ќе поттикнат социјални и културни развојни промени. на национално, регионално и интернационално ниво.

Мисија

Локомотива, своето делување да го насочува кон креирање на нова и динамична граѓанска средина во Македонија како дел од Европа, преку обезбедување на информации, промоција и едукација, како и генерирање на нови иновативни идеи, дела и креативен потенцијал, и поддршка на новата генерација на автори, уметници.

Цели и задачи на здружението

Долгорочни цели:
- Да биде платформа на национално и интернационално ниво, да пренесува знаење и создава можности за развој на креативноста и креирањето на независната уметничка сцена во земјата;
- Да интегрира уметници, менаџери во културата, продуценти, млади потенцијални автори, невладини организации во културата и уметноста;
- Да иницира акција, да даде импулси, да ја поттикне регионалната, интернационалната соработка и копродукција, и активно вмрежување на национално, регионално и интернационално ниво со поединци, невладини организации, институции, независни уметнички центри кои работат во полето на уметноста и културата;
- Да промовира креативност, да иницира нови иницијативи и тенденции во уметноста и културата; да реализира нови иницијативи и идеи во соодветен контекст, со воспоставување однос и интерактивност помеѓу технологијата, културата, политиката, теоријата и општеството;
- Да создаде нова публика со посебен акцент на генерациите што доаѓаат

Активности/програми на здружението

Програмите се развиваат преку различни проекти со цел да се поддржат и иницираат нови тенденции и идеи и да се влијае на развој на културната политика.

Програмите на Локомотива се:

  1. Размена на искуства (едукативни и информативни програми)
  2. Програма за поттикнување на уметничка продукција
  3. Рефлексии (програмата за културна политика и културна размена)

Сите програми на Локомотива се структурирани со цел да бидат интерактивни со фокус на новите тенденции и поддршка на новите иницијативи во уметноста и културата.

Локомотива ги реализира програмите преку проекти во доменот на современа уметност:
- Современи изведувачки уметности (со фокус на современ танц)
- Современа видео и медија уметност и
- Креирање на културна политика

Согласно програмската определба, во своето тригодишно постоење Локомотива има реализирано повеќе од 30 проекти во доменот на современиот танц, видео и медија уметност и креирање на културна политика.

1. Современ танц
Поради непостоењето на академски едукативни програми, културна политика, развојни фондови а со тоа и видливост на современиот танц како современа уметничка дисциплина и практика во земјата, Локомотива има реализира бројни проекти со цел да придонесе во промовирање, развој и професионализација на современиот танц на национално и регионално ниво.

Како позначајни би ги споменале:

- Тригодишна соработка со Британскиот Совет 2005/ 2007 во доменот на промоција и едукација во современ танц
Во рамките на оваа соработка светски признати кореографи со своите компании беа претставени пред македонската публика а дел он нив одржаа работилници во рамките на кои работеа со македонски и регионални танчери и кореографи. Тука би ги споменале: Siobhan Davies Dance Company (Англија), Charles Linehan (Англија), Allyson Green (САД), CandoCo Dance Company (Англија), Russell Maliphat Dance Company (Англија), New Arts Club (Англија)…

- Програма за поддршка и развој на современиот танц
Иницирана во 2003 со цел да се креира млада генерација на кореографи кои ќе продолжат да се занимаваат со современ танц и придонесат во негова професионализација и актуализација во земјата. Оваа програма се реализира преку организирање бројни работилници во земјава и регионот и поддршка (менторска, организациона и продукциска) во развојот на индивидуални кореографии. Како резултат на оваа програма во 2007 во МНТ беше организиран настанот: ОТВОРЕНА СЦЕНА: Вечер на современ танц, на која се претстави првата генерација на млади кореографи (Кире Миладиноски, Ана Јосифовска и Ивана Коцевска).

- Иницијатор и партнер на Балканската танц платформа, регионално биенале во доменот на современиот танц и организатор на трето издание во Скопје во 2005 година
Балканската танц платформа 2005 и претстави на македонската публика 17 предизвикувачки продукции, прикажувајќи ги најновите тенденции во современиот танц на Балканот.

- Продукција на современ танц кореографии:

* OUCH COUCH/ 2005, кореографија на Искра Шукарова
Досега оваа кореографија е претставена два пати во Скопје а има гостувано во: Сараево/Осми Театар Фест; Софија /Центар за култура и дебата – Црвена Куќа; Белград/Дом Омладине; Драч/ Интернационален фестивал, Малме/ Балканско Нордиската размена, Даблин/ Балканско-Ирскиот Уметнички Форум.

* A PAGE OUT OF ORDER OVERLAND/ 2006, кореографија на Yoshiko Chuma, копродукција помеѓу: Локомотива (Македонија), Yoshiko Chuma and The School of Hard Knocks (САД), GOH Productions (Wу Јорк/ САД) i Beagle Inc (Јапонија).

Оваа копродукција како работа во процес во 2006 година беше прикажана пред Македонската публика во рамките на Скопско Лето, во партнерство со Дирекцијата за Култура и Македонската Опера и Балет, по што следеше нејзино претставување во Куманово, Тетово и Охрид. Во Јануари 2007, претстават беше поставена на репертоарот на престижниот Њујоршки театар DTW (Dance Theater Workshop), по подготовката која се одвиваше во Фишер Центарот за Изведувачки уметности на Бард Колеџот. Успешноста и квалитетот на претставата беше потврдена со одличните критики во весниците: THE NEW YORK TIMES и VILLAGE VOICE.
Во 2007, A PAGE OUT OF ORDER OVERLAND гостуваше во Романија: Букурешт/ Национален Танц Центар и во Европскиот град на култура за 2007 година - Сибиу на Интернационалниот фестивал за театар.

* ФОРМУЛА 2006/ работа во процес, кореографија на Искра Шукарова и Дејан Срхој од Словенија
Прикажана на малата сцена во МНТ во 2006, во Атина на Балканската Танц Платформа 2007 и во Љубљана на фестивалот 4х1 во 2007.

- НОМАД Танц Академија
Едукативна и истражувачка програма на Балканската танцова мрежа која ги соедини сите расположливи потенцијали и ресурси во современиот танц на национално и регионално ниво со цел да придонесе во развојот и професионализацијата на современиот танц на Балканот.
Организации/ Партнери на Номад Танц Академија: Fičo Balet – Љубљана/ Словенија, Eks Scena & Tala Dance Center – Загреб/ Хрватска, Station, Service for contemporary dance – Белград/ Србија, Brain Store Project – Софија/ Бугарија и Tancelarija – Сараево/ Босна и Херцеговина. Номад Танц Академија досега е подржана од ШВАЈЦАРСКАТА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРА, ЕВРОПСКАТА ФОНДАЦИЈА ЗА КУЛТУРА и фондацијата КУЛТУРКОНТАК.
Во Македонија програмата се реализира во партнерство со: МНТ, Музичко Балетски Училиштен Центар «Илија Николовски Луј» и Британскиот Совет, подржана од страна на град Скопје.

2. Визулена и медија уметност

Проектите за визуелна и медија уметност се реализираат преку едукација во користење на нови медии, продукција на документарен филм и уметничко видео и промоција на современите тенденции во документарниот, краток филмски и видео израз водени од нова креативна генерација на македонски автори.

Како позначајни проекти реализирани во овој домен би ги споменале:

- ДОМИНО Проектот – 2003/2004
Овој интернационален проект се реализира со цел да креира креативна комуникација помеѓу млади луѓе кои живеат во различни земји со различен социо-културен контекст преку користењето на аудио-визуелните алатки како модели за комуникација.

Проектот е реализиран во партнерство помеѓу: Локомотива (Скопје, Македонија), Media 2 Medireanne (Марсеј, Франција), Video Centre of Brussels (CVB), The Facilitators Training Centre (CFA) и «La Marche à Suivre» (Брисел, Белгија) и «Centre For Youth Creativity» (Белград, Србија).

- The Making of Balkan Wars – Документарен филм, 79 мин./ 2006 година Копродукција помеѓу Грција (Personal Cinema, Prosenghisi) и Македонија (Локомотива).
Преку интервјуа со истакнати уметници, уметнички критичари, писатели и куратори од Југоисточна Европа, претставен во форма на 3Д видеоигра филмот го обработува Балканот, неговата географска, терминолошка и политичка конструкција и де-конструкција, неговата перцепција и репрезентацијата од страна на Европа, Балканските стереотипи...

- ДОМА – Документарен филм во режија на Ѓорче Ставрески, 59 мин./2007 година
Копродукција помеѓу Македонија (Локомотива) и Хрватска (Спектрум). Филмот ги анализира животите на пред се млади индивидуи кои повеќе или помалку се реализирале себе си во различна социјална, религиозна и културна средина преку отворање на прашањето за идентитет, поврзаноста со средината од која потекнуваат, културните и религиозни разлики и односот на општеството кон индивидуата. Филмот нуди одговор зошто Хрватите мигрираат во Македонија и обртно. Филмот е прикажан на: Balkan Snapshot Film Festival 2007 (Амстердам, Холандија), ЗАГРЕБ ДОКС 2008 - Интернационален фестивал за документарен филм (Загреб Хрватска) и Balkan Film Festival 2008 (Копенхаген, Данска).

На АСТЕРФЕСТ 2008, Меѓународен филмски фестивал на автори од Југоисточна Европа (Струмица, Македонија) ДОМА ја освои втората награда, Сребрена потковица. За прв пат на ова фестивалско издание се воведе посебно призвание за филмска камера кое е доделено на снимателите на ДОМА: Димо Попов и Јосип Иванчиќ.

- Соработка со фестивали и филмски центри

* Фестивалот за алтернативен филм и видео (Белград, Србија) Остварена за прв пат во 2005 година. На ова фестивалско издание Локомотива претстави селекција на Македонски кратки филмови во рамките на програмата Мрежи, додека Биљана Тануровска беше дел од три-члената интернационална жири комисија. Од 2006, секоја година во Скопје, Локомотива организира проекција на најзначајните остварувања на последното фестивалско издание.

* Balkan Snapshot Film Festival (Амстердам, Холандија)
Соработката остварена за прв пат во 2007 со Balkan Snapshot Film Festival од Амстердам продолжува. Како партнер соработник во 2007 и 2008 година, Локомотива ја селектираше програмата на Македонски филмови прикажани во рамките на фестивалот. Во 2009 година Локомотива ќе биде еден од ко-организаторите на фестивалот.

* Northwest Film Fоrum (Сиетл,САД)
Во мај 2008 година во Скопје, како гостин на локомотива беше поканет Dave Hanagan, директор на студиото од Northwest Film Forum (организација за филмска уметност од Сиетл), кој истовремено е директор на фестивалот Local Sightings Film Festival. Во Културниот центар Точка, Локомотива организираше дводневна проекција на експериментални кратки филмови од регионот на Северозападниот Пацифик (САД и Канада) селектирани од страна на Dave Hanagan.
Исто така, Локомотива селектираше македонски филмови и видеа кои ќе бидат прикажани во специјално креираната тридневна програма посветена на македонскиот филм во јули оваа година во Сиетл (Northwest Film Fоrum).

3. Креирање на културна политика
Активности во овој домен се посветени на прашањето на сензибилизација на културната политика и поттикнување на партнерска соработка помеѓу националните и локални културни институции и невладиниот сектор.

Партнери/Финансиери

Локални партнери/Финансиери

Партнери

Организации:
- Контрапункт и Културен центар ТОЧКА, Скопје
- Центарот за современа уметност од Скопје (ЦАЦ)
- Press to exit project space, Скопје
- Глува соба, Скопје
- Line [I+M] инцијатива и движење, Скопје
- ПАЦ Мултимедија, Скопје
- Центарот за балканска соработка ЛОЈА, Тетово

Институции:
- Македонски народен театар
- Македонска oпера и балет
- Национална галерија, Мултимедијален центар Мала станица
- Национална галерија Чифте Амам
- Музичко балетски училишен центар “Илија Николовски Луј“
- Музејот за современа уметност во Скопје
- Музејот на град Скопје
- Домот на култура во Куманово

Фестивали:
- Скопско лето
- Охридско лето

Финансиери
- Министерство за култура на Република Македонија
- Град Скопје
- Швајцарска програма за култура во Република Македонија
- Британски совет во Република Македонија
- Француски културен центар во Скопје/ Република Македонија

Меѓународни партнери/Финансиери

Партнери
- Фичо Балет, Љубљана/ Словенија
- Станица, Сервис за современ танц, Белград/ Србија
- Centre for Youth Creativity, Белград/ Србија
- Фестивал за алтернативен филм и видео, Белград/ Србија
- Dance BG, Бургас/ Бугарија
- Brain Store Project, Софија/ Бугарија
- Црвената куќа, Центар за култура и дебати, Софија/ Бугарија
- Плесни центар ТАЛА, Загреб/ Хрватска
- Spectrum - Macedonian-Croatian Association for Promoting Cultural Values and Relationships, Загреб/ Хрватска
- ЕКС Сцена, Загреб/ Хрватска
- Танцеларија, Сараево/ Босна и Херцеговина
- Media 2 Mediteranne – Марсеј/ Франција
- Personal Cinema, Атина/ Грција
- Yoshiko Cuma and the School of the Hard Knocks, Њујорк/ САД
- GOH Productions, Њујорк/ САД
- Magic Baby Productions, Сиетл/ САД
- Northwest Film Forum, Сиетл/ САД
- Balkan Snapshots Film Festival, Амстердам/ Холандија
- Supernet – Виена/ Австија
- Project DCM foundation- Букурешт/ Романија
- Carambole dance company, Цирих/ Швајцарија
- Marcel Hicter foundation – Брисел/ Белгија
- CFA (Centre for Facilitators Education), Брисел/ Белгија
- Video Centre of Brussels VIDEP, Брисел/ Белгија
- Le Centre régional des Lettres de Basse-Normandie
- Centre Chorégraphique National de Caen
- Scène Nationale de Cherbourg
- Centre Dramatique de Caen
- Artothèque de Caen
- Balkans Transit
- Centre de Formation professionnelle aux techniques du spectacle (CFPTS)

Финансиери
- European Cultural Foundation
- KulturKontakt
- Swiss Cultural Programme Romania
- Swiss Cultural Programme in the Western Balkans
- Stability Pact for SEE
- Goethe institute, Belgrade
- USA Embassy in Macedonia
- The Trust for Mutual Understanding (USA)
- Région Basse-Normandie
- Ministère des Affaires étrangères français
- Association des Agences de la Démocratie Locale (AADL)

Мрежи
- Balkan Dance Network
- Balkan Express Network

Екипа

ЛОКОМОТИВА главен тим:
- Биљана Тануровска-Ќулавковски, менаџер на организација;
- Искра Шукарова, уметнички директор за современ танц;
- Наташа Димитриевска, уметнички директор на медија и визуелни уметности
- Виолета Качакова, проект менаџер

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA