петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Светскиот ден на одговорниот туризам се одбележува по четврти пат

Светскиот ден на одговорниот туризам се одбележува по четврти пат

2 јуни 2010 - Париз (75007)
Интернационална коалиција за одговорен туризам (ЦИТР)/ Париз

Соочени со големи предизвици (загрозено замјоделие, селски егзодус, недостиг од привлечни и динамични случувања, климатски промени...), руралните средини би можеле да најдат спас во туризмот. Сепак, треба претпазливо да се направи ваквиот чекор со цел да се усогласи туристичката активност со условите за одржлив развој.

По Камерун, Балканот е следната поканета територија.

Преку организирање конференции, тркалезни маси и дебати, Интернационалната коалиција за одговорен туризам настојува да даде одговори на овие нови предизвици. За ова четврто издание, Камерун, земјата-гостин минатата година, ќе му го отстапи местото на Балканот.

Имајќи предвид дека Балканот опфаќа повеќе нации, владини претставници, здруженија и научни експерти, како и професионалнци во туризмот ќе дебатираат на главната тема: „Одговорниот туризам и руралното наследство на Балканот: како да се зачуваат локалните традиции во кревките рурални средини?“

ГринРП (GreenRP) е дел од овој настан кој стана неверојатно важен и оттука, неодминлив за социјалните професионалци кои тежнеат кон одговорен туризам. Вредностите на ЦИТР се и наши вредности и сакаме да придонесеме со нашето искуство и знаење.

Настојувајќи да ги оствари своите цели, Интернационалната коалиција за одговорен туризам (ЦИТР) денес бара професионалци во доменот на туризмот - 120 чинители во 48 земји низ светот - кои придонесуваат кон одговорен туризам, како и научен совет составен од експерти во трите клучни области на одржливиот развој (економија/ еднаквост, социјален/ културен аспект, животна средина/ биодиверзитет).

Контакт: C.I.T.R., 141, rue de l’Université - 75007 PARIS.
contact@coalition-tourisme-responsable.org
www.coalition-tourisme-responsable.org

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA