петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Разменети искуства за инженерството на културното наследство во Македонија

Разменети искуства за инженерството на културното наследство во Македонија

>>  OД 28 јуни 2010 Дo 3 јули 2010 - Македонија, Маврово
Axe 5 : Savoir faire et Découverte

Разменети искуства за инженерството на културното наследство во Македонија Проценување на културните наследства во рамки на локалниот и трајниот развој

Работен престој од 28 јуни до 3 јули 2010

Македонија беше сведок на бурно минато. Граница меѓу Западот и Истокот, окупирана 5 векови од Отоманската империја, обединета во поранешна Југославија, која ја поврати својата независност во 1991 г. Мултиетничка и мултиконфесионална, ова мала земја (едвај еден и пол пат поголема од Долна Нормандија) образува терен за откривање и за проучување особено привлечен за сите оние кои се интересираат за Балканот и за светските култури. Таа претставува и дестинација избрана од љубителите на планините и на недопрената природа.

Ние Ви предложуваме да се нурнете во светот на анализата на културното наследство, во контекст кој истовремено е друштвен и професионален.

По методолошкото подигање на свеста со еден архитект од Македонија и со домаќини упатени во тематиката, ќе учествувате, во група (македонско-француска) на воочување и анализирање на атрибутите на културното наследство во македонските села од регионот Маврово.

Средби со жителите, набљудувања на терен, средби со избраниците, локалните актери и жителите… оваа акција е еден оригинален начин да се открие нова култура во друштвена средина со професионална содржина.

Резултатите од овие размислувања треба подоцна да им овозможат на избраниците да дефинираат или да доточнат проекти за туристички и културен развој во склад со природното наследство.

Еден вечерен собир во Каен во есента 2010 ќе им овозможи на пријателите, роднините и на сите љубопитни, да ја видат таа авантура во слика, да дебатираат за врската меѓу проценувањето на културното наследство на една територија и политиките за локален и траен развој.

Број на учесници : Дванаесетмина од кои највеќе 6 од Долна Нормандија
Јазик : Француски – се препорачува големо познавање на англискиот

Материјални услови :
Ако имате меѓу 20 и 29 години [1] и ако престојувате во Долна Нормандија, само патот е на ваша сметка (или отприлика 380 €) и личните трошоци. Сè останато е на сметка на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија (трошоците за обука на лице место и за научната придружба од страна на професионалци, сместувањето и храната).

Информации и запишување : Лудивин Ситајеб / Арно Троле на 02 33 66 74 67 – info@lesavoirfaire.fr

Активноста е организирана во рамки на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и република Македонија, финансиски поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија и министерството за надворешни работи

Savoir Faire et Découverte, La Caillère, 61100 La Carneille – www.lesavoirfaire.fr – +33 2 33 66 74 67

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA