петок 22 јуни 2012

Новости од соработката

Пронајдете ги новостите од активностите во рамките на соработката Долна Нормандија Македонија.

28 мај 2009 - Теа Модерна

Во својство на эаменик-председател на Комисијата эа култура во Регионалниот совет на Долна Нормандија (Франција), Арно Фонтен деновиве престојуваше во Македонија со цел да ги координира активностите эа културна соработка на општинско ниво помеѓу Република Македоија и Долна Нормандија. Активностите на културен план се дел проектот эа децентралиэирана соработка регионот на Долна Нормандија во Франција и општини од Република Македонија.

12 февруари 2009 - Le Courrier des Balkans / Le Courrier de la Macédoine
Проект за децентрализирана соработка Долна Нормандија - Македонија

На 28 Јануари 2009 година се одржа еднодевно информирање за програмата «Европа за граѓаните», организирана за претставниците на македонските општини и македонските НВО од страна на Асоцијацијта на агенциите за локална демократија (АЛДА). Оваа обука се одржа во склоп на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

19 декември 2008 - Le Courrier de la Macédoine

Повеќемина средношколци од Македонија и од Долна Нормандија, Франција, учествуваат, чекор по чекор, во воспоставување на образовна соработка. Размената меѓу средните училишта од Грандвил (Grandville) и Скопје, Лизје (Lisieux) и Тетово, Монтвил (Montville) и Штип веќе отпочна. Таа се одвива меѓу професори. Оваа недела, франсцуската делегација од Регионалниот совет на Долна Нормандија е во посета на Македонија со цел да ги запознае наставниците, да ги слушне нивните идеи и размисли и да отпочне со нивна реализација.

5 септември 2008

Тетовската гимназија крунисувајќи ја неколкугодишната соработка со средните франкофони училишта, се збратими со гимназијата на градот Лизију од Франција. На одржаната средба минатиот четврток во тетовската гимназија беше речено дека збратимувањето на овие две гимназии е потврдено официјално и од страна на француското министерство за образование.

28 август 2008 - Savoir Faire et Découverte (Вештини и откритија)

Во рамките на проектот за соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, кон крајот на јуни 2008 година, во областа Мариово, Savoir Faire et Découverte организираше обука насловена како «Попишување на културното наследство».

8 јуни 2008 - Le Courrier des Balkans / Le Courrier de la Macédoine
Тркалезна маса во Тетово

Локалните медиуми во Македонија доживуваат тешко време. Додека локалните радио-станици и локалните телевизии се многубројни, локалните весници практично исчезнаа. И сите трпат од националните медиуми, индиректно поддржувани од државата. Синтеза од тркалезната маса « Локалните медиуми во Македонија наспроти нивните предизвици », организирана на 4 јуни 2008 во Скопје од страна на Courrier de la Macédoine/Гласникот.

4 март 2008 - Le Courrier des Balkans / Le Courrier de la Macédoine

Пречки за меѓународната мобилност на македонските студенти? Некомпатибилноста на образовната програма со европскиот образовен систем, отсуството на финансиска поддршка и отежнатиот пристап до информации. Овие се заклучоците од тркалезната маса организирана на 4 март 2008 во Скопје од страна на Courrier de la Macédoine/Гласникот.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA