петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ЕРМАНВИЛ И ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ЕРМАНВИЛ И ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

9 февруари 2011 - 17 Јануари 2011 - Македонија, Вевчани
Збратимување на градови

Градоначалникот на Ерманвил (Hermanville-sur-mer), Долна Нормандија, г-динот Жак Леланде и градоначалникот на општина Вевчани, г-динот Перо Илиевски, ги потпишаа конвенциите за соработка

Како резултат на меѓусебна соработка, започната во 2009 година, градоначалникот на Ерманвил (Hermanville-sur-mer), Долна Нормандија, г-динот Жак Леланде и градоначалникот на општина Вевчани, г-динот Перо Илиевски, ги потпишаа конвенциите за соработка. Потпишувањето на договорот ќе допринесе за развивањето на институционалното партнерство и децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, размена и обука на кадар и млади од двете земји и промовирање на туризмот и културното наследство. За време на шест-дневната посета на Вевчани, француската делегација составена од 11 членови (советници и службеници од општината), го искористи својот престој и за да присуствува на традиционалниот Вевчански карневал, но и подобро да се запознае со убавините на Македонија. Претставниците на двата града, одржаа повеќе состаноци и работилници зборувајќи за идната соработка. Присутните разговараа за културното и историско наследство, размената на кадар и млади, развојот во едукацијата, итн.

„Потпишувањето на конвенциите се совпаѓа со нашите цели и ја официјализира нашата взаемна соработка. Овој договор е од големо значење за понатамошниот политички и културен развој на Вевчани“, изјави г-динот Перо Илиевски, градоначалникот на Вевчани.

Соработката на општините од Долна Нормандија и Македонија е дел од Програмата за децентрализирана соработка за овие за две територии.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA