Аниматорите на долнонормандиските дигитални клубови организираа обука за своите колеги од Македонија во три градови во Долна Нормандија. Во рамките на оваа посета, беа вклучени културни размени и споделување знаења и искуства.
од Џером Ламаш
По студискиот престој на тројца аниматори од Долна Нормандија во Македонија во септември 2009 година (Ливаро, Ла Ферте Масе и Сан Жам), македонските аниматори имаа прилика да ги откријат дигиталните клубови во овие градови, како и „нормандиските специјалитети“ во нивна близина: селото на сирењата, Л Мон Сан Мишел…
Преку овие размени, корисниците на дигиталните клубови се вклучуваат во проекти, чија цел е да се стават информатичките технологии во служба на граѓаните: електронска администрација, блог на корисници, онлајн-анкети…
За аниматорите од Македонија и Долна Нормандија е предвидена повеќекратна обука за информатичките алатки и нивната примена.
Потпомогната од аниматорите на долнонормандиските дигитални клубови, првата обука ќе се одржи во јануари 2010 година во Република Македонија и ќе ги опфати анимацијата, анимираниот цртеж и стриповите на Интернет.