петок 22 јуни 2012

  Долна Нормандија Македонија, соработка во корист на локалната самоуправа

Децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија е резултат на заедничка волја да се учествува во развојот на двете територии, со отворање кон светот и поттикнување на населението да се заложи кон едно локално и европско активно граѓанство преку реципроцитет и размена. Проектот ќе придонесе во создавање на платформа на одржливи размени и ќе овозможи воспоставување на трајни врски помеѓу населенијата на овие две европски територии кои се членки на Франкофонијата.

Во таа насока, на 20 февруари 2007 година беше потпишан протокол за соработка помеѓу Претседателот на Регионот на Долна Нормандија и Амбасадорот на Македонија во Франција. Данлодирајте го протоколот во .pdf формат [fr].

Затоа беше направена тригодишна програма за соработка помеѓу актери од Македонија и Долна Нормандија (ноември 2007- ноември 2010) со локалната власт како главна цел. Оваа програма се состои од 6 дела:

  1. Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ)
  2. Млади, образование, локално и европско граѓанство
  3. Информирано општество и медиуми
  4. Културни и уметнички размени
  5. Одржлив туризам и наслетство
  6. Партнерство меѓу локални заедници

Здружението на агенциите за локална демократија (АЛДА) е назначена да ја координира оваа програма за соработка.

>> ++

>> Новости од соработката

7 март 2011
23 Февруари, Велес, Македонија
На 23 февруари годинава, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, оствари средба со делегација на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, како дел од Оската 3 (...)

>> Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка

21 септември 2010
Caen (Basse-Normandie)
Во својство на претседател на Интернационалниот институт за човекови права и мир, минатиот јули Алан Туре го покани г. Мемети, Омбудсманот на Република Македонија, да дојде во Каен и да се запознае со активностите на (...)
План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA