На 1 септември беше отворен конкурсот за пријавување за обуката на француски јазик за планинарски водичи. Крајна дата за поднесување на досието е 5 октомври.
Документите треба да се испратат до Француската алијанса во Тетово, на следнава адреса:
Француска Алијанса во ТЕТОВО,
„Дервиш Цара“ 18,
1200 Тетово
Овие документи може да се најдат на фејсбук страната [1] на Француската алијанса на Тетово, како и на интернет страната [2] на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина.
Во сабота на 22 септември во 11 часот во Француската алијанса во Тетово ќе се одржи информативна средба за заинтересираните водичи.
Оваа иницијатива е преземена по семинарот „Туризам и активности во природа“ којшто АЛДА го организираше во мај 2012 година, во Тетово како дел од програмата за мултилатерална децентрализирана соработка „Франција-Балкан“. За време на семинарот учесниците и професионалците за туризам констатираа дека пречката за развојот на планинскиот туризам, но и за туризмот во целина поради фактот што туристичките водичи не познаваат странски јазици.
Macedonian
Координација [4]
14.09.2012