Macedonian
На 25 јануари 2012 година, во просториите на Регионалниот совет во Каен, се одржа средба на партнерите од Долна Нормандија во рамките на децентрализираната соработка меѓу овој француски регион и Република Македонија.
Целта на средбата беа редовните активности на шесте оски предвидени за 2012 година, но и човековите права и збратимувања на градови.
Најдинамичен период за соработката ќе биде пролетта, исполнета со голем број настани и во Долна Нормандија и во Македонија. Средбата со македонските партнери ќе се одржи во февруари во Скопје.
За подетални информации во врска со предвидените активности можете да ја преземете Програмата на активности 2011-2012 [1] и последниот Билтен на соработката [2].
Координација [4]
25.01.2012