Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Збратимување на градови
07.04.2014
Иницијативата
Во вторникот вечерта, на 01 април 2014 година, младите од Медицинско-образовниот институт (ИМЕ) од Флери беа домаќини на своите најблиски и своите сограѓани, прикажувајќи им една малку поинаква видео проекција. “Вечерва младите претставуваат два филма, првиот ќе ја претставува општина Флери, а вториот – општина Карпош, во Македонија“ – објаснува Ани Колас, дефектолог и координаторка на проектот.
Проектот се потпира на соработката по...
>>>
Вести од соработката | Координација
27.03.2014

На 25 март 2014 година, во Скопје се одржа средба на македонските партнери на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Партнерите, Министерства, општини, здруженија на граѓани и институциите кои се вклучени во соработката, ја одбележаа новата етапа на соработка за периодот од 2013 до 2016 година.
 
Целта на овој состанок беше да се претстави соработката во целост пред партнерите кои се дел од новиот програмски...
>>>
Вести од соработката | Координација
19.03.2014
За потребите на оваа програма, бараме асистент/ка на проект кој ќе биде ангажиран/а во Канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје. Асистентот/ката на проект ќе биде вклучен/а во организацијата на активностите од проектот, во координацијата и во комуникацијата помеѓу засегнатите страни на проектот. За повеќе информации : www.bn-mk.org.
Ако сте заинтересирани, испратете ни ја вашата кратка биографија...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“