Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

„For want of a better “ : артисти од Долна Нормандија настапуваа во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
На 22 октомври 2013, група од тројца француски артисти, со својот перформанс „For want of a better“ се претставија на скопската публика за време на шестото издание на Локомоушн. Овој фестивал на модерен танц и перформанс, организиран од страна на Локомотива,  со години наназад не само што ги презентира најновите остварувања во доменот на изведувачките уметности, туку и развива дискурзивни пракси со кои се редефинирапозицијата на оваа современа уметничка форма во Европа и кај нас.
 
Овој проект е поддржан од голем број домашни и странски организации, а меѓу нив се и Францускиот Институт како и Регионот Долна Нормандија, кој и оваа година имаше свои претставници меѓу артистите. Фестивалот ќе трае од 19 до 25 октомври.
 
Така,  „For want of a better “ е „средба на тројца артисти кои креираат заеднички универзум, поезија која ги обединува сликата, звукот, движењето и текстот. Патрис Грент е задолжен за звуците и музиката, Фред Хоке за видеото и сликата, додека Дебора Лени е задолжена за изведбата: пеењето, музиката и текстот. Се работи за единствен, оригинален проект произлезен како плод на една седмица патување од Франција за Македонија. Групата ќе одржи уште еден настап во Битола, на 24 октомври.
 
За повеќе детали и слики од овој единствен перформанс „For want of a better “ во Македонија, посетете ја следнава интернет страница.
Macedonian
24.10.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“