Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

„Креирање на стратегија за туризам на локално ниво” во Охрид

Printer-friendly versionSend to friend
Врз основа на спроведената проценка за можностите, условите и капацитетите на општините од Југозападниот Плански регион за развивање на стратегија за туризам, ЦИРа во период од 29 до 31 август 2013 година, во Охрид, спроведе обука за „Креирање на стратегија за туризам на локално ниво“. Обуката беше спроведена од страна на Македонски експерти за локален и регионален развој, од ЦИРа, г. Зоран Стојковски, извршен директор и г. Зоран Стефановски, директор за финансии и развој. Гости – експерти на обуката беа претставниците на францускиот партнер на ЦИРа од Областа на Заливот Мон Сен Мишел,  г-ѓа Сандрин Пуле, одговорна за комуникација, култура, туризам и животна средина во Областа на Заливот Мон Сен Мишел и г. Бертран Сор, претседател на асоцијацијата Туризам во Областа на заливот.

Учесници на обуката беа претставници од општините на Југозападниот плански регион на Македонија. Организациите кои учествуваат во активностите на оваа компонента, исто така присуствуваа на обуката со свои претставници: Министерство за локална самоуправа на РМ (сектор за регионален развој), Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Туристичката комора на РМ.
 
Целта на спроведената обука беше да се претстави комплетниот процес на изработка на стратегија за туризам, од подготвителните чекори, сè до акциски план за нејзина имплементација. Така, учесниците на обуката имаа можност да се здобијат со знаење и да стекнат нови вештини за развивање на локална стратегија за туризам преку интерактивни презентации, работа во групи, работилници и панел дискусии. Експертите од Долна Нормандија имаа можност да го претстават францускиот начин на работа во оваа област и воедно да ги споделат нивните искуства за развој на туризмот во Областа на Заливот Мон Сен Мишел.
 
Резултатите од оваа обука, со цел спроведување на стратегијата за развој на туризмот на  локално ниво, наскоро ќе бидат објавени во соодветна публикација која ќе послужи како прирачник за нејзина имплементација.
Macedonian
10.09.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“