Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Јавен повик за избор на фасилитатори на работни групи

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian
Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и меѓународно ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.  
 
СЕГА го имплементира проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија на Град Скопје“ финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија - Франција. Проектот опфаќа активности преку кои ќе се изготви посебен документ – „Локална Младинска Стратегија за Град Скопје“.
 
Коалицијата на младински организации СЕГА објавува јавен повик за 10 фасилитатори на работни групи за изготвување на Локална Младинска Стратегија на Град Скопје. Ќе бидат формирани 10 работни групи (на ниво на секоја од општините во Град Скопје) составени од 15 – 20 членови, претставници од Локалните Самоуправи, локални организации и институции, средношколци, студенти и сл.
 
Ангажманите на фасилитаторите ќе бидат во времетраење од 3 месеци (јануари – март 2013). За фасилитаторите ќе биде организирана еднодневна обука. Потребно е да се фасилитираат 4 еднодневни работни средби на секоја од работните групи. Откако ќе се заврши процесот на работа на општинските работни групи, фасилитаторите и експерскиот тим кој е формиран за потребите на проектот, преку минимум 2 работни средби ќе ги сублимираат извештаите од секоја работна група. На овие состаноци преку анализа ќе се подготви и смести материјалот во еден документ „Драфт младинска стратегија на град Скопје“.
 
Работните обврски на фасилитаторите ќе бидат:
 
-       Да учествуваат на еднодневната обука за фасилитатори,
-       Да фасилитираат 4 средби на работната група (во една од општините од Град Скопје),
-       Да подготват извештај со резултати од работната група (вкупно 4, по еден за секоја средба),
-       Да учетвуваат на состаноците со експертскиот тим.
 
При аплицирањето кандидатите треба да достават:
 
Биографија (CV)
Мотивационо писмо
Листа на референци
Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
 
Широко познавање на развојот на невладиниот сектор (област млади)
Три (3) години работно искуство во невладиниот сектор
Искуство во фасилитирање на работни групи
Познавања од Национална стратегија за млади на РМ
Крајниот рок за аплицирање е 27 декември 2012 година.
 
Документите треба да се испратат на следнава адреса:
 
Коалиција на младински организации СЕГА
Ул. Иво Лола Рибар  бр. 5, 7500 Прилеп 
и на е –маил aplikacija@sega.org.mk со назнака „Јавен повик за фасилитатори″.
 
Заинтересираните апликанти за дополнителни информации можат да контактираат со:
 
Маја ИВАНОСКА КРСТЕВСКА
Раководител на програма 
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: maja@sega.org.mk 
Тел:       +389 78 470 401
             +389 48 429 390
 
21.12.2012
Извор: sega.org.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“