Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Оска на соработка: Човекови права

Printer-friendly versionSend to friend

Носител на проектот

 
 
Човековите права се основа на демократското и модерното општество. Почитувањето на човековите права и основните слободи е особено значајно за одржливиот развој како во Македонија така и во Долна Нормандија.
Во таа насока, Регионалниот совет на Долна Нормандија го покани Меѓународниот институт за човекови права и мир, носител на вредностите на Долна Нормандија, да спроведува активности со македонски партнери и на тој начин уште повеќе да се развиваат пријателски врски помеѓу двете територии.
Од 2010 година, Меѓународниот институт за човекови права и мир организираше многу активности со македонски партнери, како: заедничка програма на активности со фондацијата Метаморфозис за влијанието на новите технологии во уживањето на основните слободи, соработка со Народниот правобранител на Република Македонија, учество на млади Македонци на летните школи посветени на темата мир што секоја година Институтот ги организира, учество на млади Французи од Долна Нормандија на француско-македонски семинар во Скопје. Човекови права е трансверзална оска на соработка што допира до разни области на соработката и има за цел да го поддржи демократскиот и социјалниот дијалог.
 

Цели

• развивање на образовен метод за почитување на приватноста и слободата на изразување на интернет,
• подигнување на свеста особено кај децата и младите за заштита на приватниот живот и подобрување на информатичките вештини за активно граѓанско учество на интернет,
• поддршка на неформалното образование за човекови права кај младите,
• организирање обуки за македонските адвокати на конкретни теми


Цели

• Семинар „Сајбер простор и човекови права", јуни 2010 година, во Каен ;

• Семинар „Слобода и приватност на интернет“, 21 и 22 мај 2012 година, во Скопје ;
• Обука за адвокати – јуни 2012 година, во Охрид; потоа септември 2012 година, во Велес,
• Летна школа за мир на тема „Сиромаштија и мир“, од 7 до 13 јули 2012 година, во Каен ;
• Прв семинар посветен на компаративно право семинар посветен на компаративно право на францускиот и македонскиот правен систем - 21 февруари 2013 година, во Скопје.
 
Macedonian

Најнови вести

Вести од соработката | Човекови права
29.07.2013

Фондацијата Метаморфозис заедно со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Долна Нормандија изработија анкета со цел да се запознаат условите за користење на интернетот и социјалните мрежи.

Анкетата претставува прва етапа од овој голем проект кој има за цел создавање на педагошка книга. Првиот нацрт од книгата ќе биде објавен во септември 2013. Книгата ќе биде наменета за младите лидери на возраст од 17 до 25 години кои работат во областа за заштита на приватноста и слобода на изразување на интернет.

>>>
Вести од соработката | Човекови права
05.07.2013
Во организација со Градот Каен и Универзитетот во Каен, Институтот за Човекови права и мир го одржува својот најзначаен настан во годината – Универзитет на Мирот, со почеток на 1 јули 2013 година.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“