Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Француската амбасадорка Лоранс Оер во посета на Берово

Printer-friendly versionSend to friend
Француската амасадорка во Македонија, Лоранс Оер оствари работна посета во општината  Берово каде се сретна со градоначалникот на Берово, Драги Наџински. Нивната средба беше посветена на соработката помеѓу општините Берово и Ливаро со посебен акцент на институционалната соработка. Амбасадорката Оер ја понуди својата поддршка на соработката помеѓу Берово и Ливаро и нагласи дека е поволна за двете територии.
 
Општината Берово ги потпиша договорите за соработка со општината Ливаро во август 2012 година и со тоа ја официјализираше соработката помеѓу двете територии. Градоначалникот Драги Наџински потврди дека соработката помеѓу општините ќе продолжи да се интензивира и да се развива особено поради тоа што работат на истите полиња на интерес: земјоделие и гастрономија, одржлив развој и образование.
 
Берово и Ливаро споделуваат една интересна гранка на производство која ја збогатува нивната соработка, двете територии се специјализирани во производството на сирење. Благодарејќи на оваа плодна соработка, ова лето Берово ќе ги претстави своите сирења на Фестивалот на Ливаро во август. Оваа годишна средба не е единствено прилика да се претстави економскиот потенцијал на Берово туку и да се претстави македонската култура и храна во Нормандија.
 
По официјалната средба, градоначалникот Драги Наџински и амбасадорката Оер го посетија основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“. Таму амбасадорката се запозна со групата ученици кои учат француски јазик и го посетија Ливаро преку размената на ученици организирана помеѓу Берово и Ливаро. Амбасадорката исто така го посети и манастирот „Св. Архангел Михаил“, едно од најпознатите туристички места во Берово.
Macedonian
10.06.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“