Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Повик за аплицирање за патувачкиот семинар „По стапките на Алберт Лондр“

Printer-friendly versionSend to friend
Асоцијацијата на Агенции за локална демократија (АЛДА) и Коалицијата на младински организации СЕГА го организираат семинарот: „Патувачки семинар, по стапките на Алберт Лондр низ Балканот“ во рамките на мрежата Франција-Балкан.
Семинарот ќе се одржи во периодот од 6 до 25 август 2012 година низ повеќе градови од Балканот: Суботица, Осиек, Тузла, Сараево, Мостар, Никшиќ, Скадар, Скопје, Ниш итн. Целта на проектот е да се направи документарен филм за животот на Балканот во повеќе области. На овој патувачки семинар ќе присуствуваат 40 млади луѓе од Франција и од Балканот. Семинарот ќе започне во Суботица со обука за пишување репортажи а потоа учесниците ќе фотографираат, ќе пишуваат написи, ќе снимаат видео записи кои ќе бидат користени за документарниот филм.                                                                                                                      
Од Македонија ќе бидат избрани 4  апликанти.
 
Условите кои треба да ги исполнуваат се:
  • Да се на возраст од 18-30 години
  • Да познаваат англиски или француски јазик
  • Да имаат афинитети кон новинарство (студенти по новинарство или комуникација, млади луѓе кои имаат искуство со работа во медиуми, блогери)
  • Млади луѓе кои уредуваат списанија или се активни во локални ТВ
  • Млади кои се активни во младинските организации
 
На избраните учесници ќе им бидат покриени трошоците за пат, сместување и храна за време на патувачкиот семинар. Учесниците реба да ги покријат трошоците за пат до и од Суботица (каде што почнува и завршува семинарот).
Кандидатите треба да испратат биографија на следнава адреса: ivana.dimitrovska@aldaintranet.org, најдоцна до 22 јули 2012 година.
Повеќе информации се достапни на француски јазик на сајтот: http://www.sur-les-pas-d-albert-londres.fr/
Macedonian
18.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“