Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Оска на соработка: Млади, локално и европско граѓанство

Printer-friendly versionSend to friend

Носители на проектот

 
 
Проблемите во дефинирањето и спроведувањето на младинските локални политики, не секогаш се поклопуваат до Долна Нормандија и Македонија, иако би можело да се најдат голем број на заеднички точки во двете територии. Одговорните, и покрај тешката економска ситуација, посакуваат да ги видат младите како ресурс и како учесници во креирањето на јавните политики.
 
Младите претставуваат чувствителна група затоа што треба да го изградат својот идентитет и својата иднина во несигурна средина. Поради тоа активности од оваа компонента се базираат на прашањата за пристап до информација; улогата на младите во дефинирањето на нивните лични потреби, како и влегувањето на младите во професионалниот живот.
 

Цели

• Придонесување во изработката и спроведувањето на младинските политики,
• Долгорочно подобрување на вклученоста на младите поттикнувајќи го граѓанското учество на локално и европско ниво,
• Приближување на претставниците на граѓанското општество и образовните установи од двете територии.
 

Главни активности

• Студиска посета за професионална ориентација и вклучување на младите во професионалниот живот;
• Видео средби на средношколци од Долна Нормандија и Македонија во знак на Денот на Европа;
• Работилница за размена и обука на тема младинско информирање за првиот роденден на  ИНФО СЕГА ;
• Семинар за младинските политики на европското ниво;
• Отворена средба за активно европско граѓанство.
 

 

Macedonian

Најнови вести

Вести од соработката | Млади
11.07.2012

Од 9 до 11 јули 2012 година во хотел Глигоров во Струмица ќе се одржи семинар на тема „Иновативни пристапи за вработување на младите“. На настанот ќе учествуваат претставници од институциите кои работат во областа на поттикнување на вработеноста кај младите во Македонија како и претставници од Регионот Долна Нормандија. Целта на семинарот е да се дискутира за актуелната економска ситуација со младите луѓе во Македонија и во Регионот Долна Нормандија.

>>>
Вести од соработката | Млади
20.06.2012
На 21 и 22 јуни 2012 македонска делегација ќе замине на студиска посета на тема „Полесен пристап или враќање на пазарот на труд“ во Каен, Долна Нормандија. Делегацијата ќе биде составена од претставници на институции кои работат на поддршка на младинското вработување
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“