Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Младите успешно ја завршија обуката за човекови права

Printer-friendly versionSend to friend
На 25 август Школата за човекови права за млади ги додели сертификатите на 20 македонски и француски учесници. Оваа летна школа организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен кој им овозможи на младите од Македонија и Франција да разменуваат мислења на темата „дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност“ кај младите.  
 
Мултикултурната атмосфера на овој тип размени е многу корисна за младите, особено кога е во прашање ваква чувствителна тема како што се делата од омраза. Токму поради тие причини е и важен квалитетниот концепт на школата за да ја претстави оваа комплексна тема како и улогата на социјалните мрежи.
 
Програмските активности на Школата за млади беа поврзани со теми за човековите права, разбирањето на разликите, дискриминацијата, механизмите за превенција на делата од омраза.
 
Алис Андре, една од учесничките од Франција вели дека проблемите и етничките тензии се случуваат само кога народот не е добро образован.
„Различните генерации различно ги доживуваат работите. На пример моите родители, баби и дедовци имаат поинаков став по ова прашање, бидејќи не се толку навикнати na potrebata да ги разбираат другите религии или другите етнички заедници бидејќи емиграцијата доцна се случи во Франција и тоа ги предизвика разликите во генерациите. Јас немам никаков проблем“ вели Симон.
„Не ми е гајле од која етничка припадност е оној што сака да ми биде пријател.“
На овој начин младиот Александар Солев ја коментира актуелната состојба со инциденти од говор на омраза на етничка основа во Македонија во која неретко се вклучени и младите.
 
Проектот „Школа за човекови права за младите од Република Македонија и Франција“ се спроведува во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
26.08.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“