Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Метаморфозис го заокружи серијалот на едукативни анимирани видеа

Printer-friendly versionSend to friend
Фондацијата Метаморфозис подготви ново кратко анимирано видео насловено „Денари“. Станува збор за најновото и последно издание од серијалот на кратки и анимирани видеа кое нуди едукативни факти за македонските пари и кое следи по „Брзина на звук“, видео инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ видео кое ги прикажува честите правописни грешки. Сите три видеа имаат едукативна содржина и се направени со цел да нè потсетат колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното и колку е значајна улогата на образовните ресурси во образовниот процес.
Сите видеа се изработени во 2Д анимација и се достапни на македонски и на албански јазик. Анимираните видеа се изработени во рамките на проектите „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“ и „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“.
 
 
Macedonian
07.03.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“