Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Printer-friendly versionSend to friend
КОНТАКТ
Име на организацијата: Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Адреса: Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец), зграда А2/3, влез 2, стан 4, 1000 Скопје, Македонија
Телефон, Факс: +38923245726
Интернет страница: www.lokomotiva.org.mk
Лице за контакт: Виолета Качакова
 
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата беше формирана во 2003 година. Локомотива e мала организација, но активен учесник во градењето на демократски социокултурен простор.
Преку своите активности се стреми уметноста и културата да ја направи достапна на граѓаните и да влијае во развојот и поддршката на современата, живата уметност и култура како двигател во градењето на демократско општество.
 
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Локомотива своето делување го насочува кон: креирање на нова и динамична граѓанска средина во Македонија која ќе партиципира во процесите на креирање на јавни (културни) политики, креирање на простор за дискусија и соработка помеѓу јавните централни, регионални и локални власти и институции и граѓанскиот сектор, јакнење на капацитетите на културните институции, креирање на модели на едукација во доменот на современата уметничка практика кои не се застапени во формалното образование, стимулирање на современа уметничка продукција кој ги претставува потребите на актерите на сцената и промовирање на истата, застапување на потребите на независната културна сцена во земјата и нејзина афирмација како партнер и креатор на културните политики на локално, регионално и национално ниво.
 
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
- развој на граѓанскиот сектор во областа на културата - креирање на нова и динамична граѓанска средина во Македонија која ќе партиципира во процесите на креирање на јавни (културни) политики;
- децентрализација во културата;
- партнерство и соработка помеѓу јавните централни, регионални и локални власти и институции и граѓанскиот сектор;
- зајакнување на професионалните капацитети на културните работници во граѓанскиот сектор за култура и јавните културни институции, како и на уметниците; 
- спроведување на модели на едукација и до-едукација во доменот на современата уметничка практика и теорија кои не се застапени во формалното образование;
- нова современа уметничка продукција;
- трансфер на знаење; 
- критичко мислење и развој на културните потреби;
- развој на нова публика;
- вмрежување на национално, регионално и интернационално ниво.
 
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ
Во рамките на програмските целини на Локомотива се реализирани повеќе уметнички програми и јавни културни активности и акции: уметнички перформанси, отворени предавања, дебати, предавања, презентации, уметнички видеа и филмови едукативно-развојни проекти и истражувања. Она што ги поврзува е преисчитување на продукциските модели, образовните пракси, институционалните пракси и општествените дискурси, моделите на здружување и партнерска соработка.  
Сите програми имаат цел да понудат нови пристапи и модели на соработка, продукција и едукација кои придонесуваат во општествениот развој и демократско живеење.
 

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“