Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Конференција „Стратегија за млади на Град Скопје“

Printer-friendly versionSend to friend
Во просториите на град Скопје, на 12 јуни 2013 година, се одржа конференција на тема „Стратегија за млади на Град Скопје“. Оваа конференција е дел од проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“, кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува со поддршка од Град Скопје и Регионот на Долна Нормандија.

Конференцијата има за цел да се придонесе кон креирање на Нацрт Стратегијата за млади на Град Скопје преку дефинирање на приоритетни насоки и цели. На оваа конференција и претходеше процес на утврдување на потребите на младите преку спроведување на анкетно истражување во десетте општини кои припаѓаат на Градот Скопје.

На официјалното отворање на Конференцијата воведен говор имаа г-ѓа Гордана Цекова, раководител на сектор млади во Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.
Г-ѓа Цекова истакна дека Агенција за млади и спорт го поддржува креирањето на младински стратегии во општините. Воедно таа истакна дека 13 општини во Република Македонија веќе усвоиле вакви стратегии, и го поздрави процесот на креирање на Младинска стратегија на Град Скопје кој треба да послужи како пример за другите општини на територијата на Град Скопје.
Г-дин Илиески ги информираше присутните за проектот и за процесот на утврдување на потребите на младите на Град Скопје. Тој смета дека општините треба да покажат грижа кон младата популација преку креирањето на ваква локална младинска стратегија.
 
Учесниците на конференцијата во текот на денот, преку 9 работни групи, согласно утврдените приоритети, го дадоа својот придонес во изработката на нацрт планот на Стратегијата.
Macedonian
13.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“