Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп заедно ЕВС волонтерите од Франција го одбележaa 09 мај „Денот на Европа"

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian
На 09 мај, во периодот од 11.00 до 14.00 часот ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп одржаа ИНФО ДЕН во знакот на Денот на Европа, со поставени штандови на 3 инфо точки низ центарот на Прилеп. Локалното население имаше можност преку промотивен материјал да се информира за значењето на 9 мај, Денот на Европа, за проширувањето и значењето на ЕУ и за наредните активности од проектот „Ајде да ја славиме Европа“ и за музичкиот настан.
 
На овој настан се вклучи и Анн Леимоне, француски волонтер  преку Европскиот волонтерски сервис која работи на проектот „Европа Локално“ во канцелариите на АЛДА во Скопје. Проектот „Европа Локално“ е одобрен од Националната агенција за образовани програми и мобилност во Македонија
Исто така на настанот присуствуваа уште двајца француски волонтери Гвен Џоли и Елодие Бабу преку програмата Европски Волонтерски сервис кои волонтираат во Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА и се вклучени во проектот „Биди информиран, стани активен“ исто така одобрен од Националната агенција за образовани програми и мобилност во Македонија.
 
Во текот на месец мај ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп ќе организираат серија на активности во кои ќе бидат вклучени и ЕВС волонтерите во чест на Денот на Европа кои се во рамките на проектот „Ајде да ја славиме Европа“ поддржан од ЕУ Инфо центарот во Скопје.
 
Проектот има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите.
 
Повеќе информации за овој настан можете да прочитате на официјалните интернет страни на ИНФО СЕГА и на Општина Прилеп.
10.05.2013
infosega.org.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“