Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Иновативни пристапи за вработување на младите и нивно поттикнување за социјална кохезија на локално ниво

Printer-friendly versionSend to friend

Од 9 до 11 јули 2012 година во хотел Глигоров во Струмица ќе се одржи семинар на тема „Иновативни пристапи за вработување на младите“. На настанот ќе учествуваат претставници од институциите кои работат во областа на поттикнување на вработеноста кај младите во Македонија како и претставници од Регионот Долна Нормандија. Целта на семинарот е да се дискутира за актуелната економска ситуација со младите луѓе во Македонија и во Регионот Долна Нормандија. На средбата ќе се разменат искуства во делот на иновативните пристапи за решавање на проблемот со невработеноста и ќе се создаде можност за изнаоѓање на заеднички решенија за намалување на стапката на невработеност на младите.

По овој настан од 11 до 13 јули, повторно во хотел Глигоров во Струмица, ќе следи втор семинар на тема „Меѓуопштинска соработка за поттикнување на социјалната кохезија кај младите“. На семинарот ќе учествуваат претставници на национални и локални институции од Република Македонија како и претставници од Регионот на Долна Нормандија. Семинарот има за цел да влијае на подобрување на социјалната кохезија на младите луѓе, преку институционална соработка на локалните и националните власти. Семинарот нуди можност за размена на искуства и добри пракси помеѓу учесниците од Република Македонија и регионот на Долна Нормандија.

Двата настани се организирани од Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Куќа од Каен, во рамките на Оската „Млади, локално и европско граѓанство“ од проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.

Macedonian
11.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“