Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Изложба на фотографии „Коњи на слобода во Европа“

Printer-friendly versionSend to friend
Интересна изложба произлезе од невообичаена визија и партнерство помеѓу повеќе актери во Долна Нормандија и Македонија.
 
Се работи за изложба на фотографии насловена „Коњи за зачувување на природната средина : вкрстени погледи во Нормандија и Европа“. Изложбата се стреми да го истакне потеклото и еколошката улога на коњите кои потекнуваат од диви раси, за зачувување на две природни средини со различни карактеристики : планинската природна средина на Пелистер во Југозападна Македонија и морската природна средина во заливот Бе-де-Сен, на реката Сена во Нормандија. Фотографии од Нормандија, Македонија и Полска и легенди за образовни цели ќе го илустрираат животот на коњите во нивната природна средина и попрецизно ќе ја образложат важноста на животните за животната средина.
 
Фотографиите ќе бидат прво изложени во Нормандија за време на најважната коњаничка манифестација во светот - Светските Коњанички Игри (ЈЕМ) која пречекува повеќе од 500 000 гледачи. На затворањето на изложбата ќе присуствува и госпоѓа Ани Ан, потпретседателката на регионот Долна Нормандија.
Потоа, од септември 2014 година до јануари 2015 година изложбата ќе биде претставена во неколку градови во Македонија.
 
Изложбата е дел од проектот „Диви коњи во Македонија и Долна-Нормандија“ кој го води Европска куќа од Каен заедно со повеќе партнери во Долна Нормандија и Македонија : Франкофонски круг Скопје ; Македонско научно друштво – Битола ; С.У. “Пол Корну Лисје“ ; Регионален природен парк залив на Сена Долна Нормандија.
Проектот се спроведува во рамки на децентрализиранта соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
05.09.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“