Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови

Printer-friendly versionSend to friend

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија силно ги поддржува сите директни соработки помеѓу општини од двете територии со цел да ја промовира локалната демократија преку секаков вид размени. 

Во рамките на оваа програма се создадоа седум соработки: 
1. Охрид (МК) – Каен (ФР)
2. Струга (MK) – Вистрам (ФР)
3. Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-мер (ФР)
4. Дебар (МК) – Иф (ФР) 
5. Берово (МК) – Ливаро (ФР)
6. Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР)  
7. Карпош (МК) - Флери-сур-Орн (ФР)
 
 
Темите на соработка помеѓу збратимените градови се разноврсни: млади, култура, културно наследство, одржлив туризам, земјоделство, животна средина итн. Иако овие партнерства се должат на динамичната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, локалните власти од двете територии се независни во нивните активности и самите ги градат акционите планови за соработка. 
За повеќе информации околу локалните власти во Долна Нормандија и Македонија консултирајте ги Децентрализација во Франција и Децентрализација во Македонија
 
Организацијата „Солидарни Хоризонти“ и Канцеларијата на соработката во Скопје имаат задача внимателно да ги следат односно координираат овие соработки, како и да придонесуваат за создавање на нови контакти и партнерства. Во Франција и во Македонија се формирани работни групи на градови кои учествуваат во соработката. Целта е да се овозможи место за дебата и размена на добри искуства и практики, што би допринело за развој и збогатување на оваа меѓународна соработка на општините кои се дел од соработката.
 
За повеќе информации симнете ја: Повелбата на локалните власти од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија.
 
Збратимувањата на општини од Долна Нормандија и Македонија овозможуваат размени помеѓу жители од двете земји, размени кои придонесуваат за подобро заедничко запознавање и разбирање. Овие елементи се неопходни за промоција на европското граѓанство. 
 
За повеќе информации консултирајте ги следниве страни: 

 

Macedonian

Најнови вести од збратимување на градови

Вести од соработката | Збратимување на градови
18.11.2013
Во рамките на соработката помеѓу Општина Карпош и Општина Флери-сур-Орне од Франција, од 18 до 23 ноември 2013 година во Карпош ќе престојуваат 8 млади лица со лесна интелектуална попреченост од Медициско-образовниот институт на Флори-сур-Орне од Долна Нормандија, Франција. Оваа посета се реализира за проектот „Флори-Карпош: филм за една средба“ каде што младите ќе реализираат краток филм за двата збратимени града. Преку интервјуа со жителите на Флери-сур-Орн и Карпош, овие млади Французи ќе работат на аудиовизуелна репортажа која ќе биде претставување на овие два града.   
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“