Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Започнува Школата за човекови права

Printer-friendly versionSend to friend
На 19 август, 20 млади од Долна Нормандија и Македонија учествуваа на официјалното отварање на „Школата за човекови права за младите од Република Македонија и Франција“. Летната школа е на тема „дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност“. Оваа школа има мултиетнички, мултинационален и мултикултурен карактер.
 
Амбасадорката на Франција во Македонија, госпоѓа Лоренс Оер која ја отвори интернационалната школа исто така се обрати пред учесниците и ја потенцираше важноста на квалитетниот концепт на школата која ја обработува оваа комплексна тема и е од голема важност за Македонија и Франција.
 
Школата за човекови права за млади ќе биде одржана од страна на говорници од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и од Институтот за човекови права и мир од Каен како и професори специјализирани на оваа тема. Овие две организации се исто така носители на проектот за човекови права кој се одвива на двете територии. Овој проект се спроведува во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
20.08.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“