Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Делегација од Дебар во посета на Иф

Printer-friendly versionSend to friend
Од 22 до 26 септември, градоначалникот на Дебар, г. Ружди Љата како и претставници на Центар за одржлив развој на заедницата на Дебар ќе остварат работна посета во Иф. Посетата е предвидена во рамки на нивниот заеднички проект „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“.
 
Активностите предвидени за време на престојот се проекција на документарен филм за културните вредности на Дебарскиот регион (традиционални свадби, обичаи,традиционално приготвување на храна) и презентација на каталог на стари предмети од Дебарскиот регион. Дополнително, претставниците од Дебар со партнерите од Иф ќе остварат работни останоци на кој ќе се дефинираат планот и програмата на активностите за 2015 година.
 
Партнерството помеѓу двата градови е поткрепено од нивната долгогодишна соработка во знакот на младите и културата. Тие соработуваат на темите: Млади и европско граѓанство; култура; регионален развој.
 
Проектот „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“ е поддржан во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Macedonian
19.09.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“