Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Битола му оддава почит на локалниот херој, битолскиот војник Рајан

Printer-friendly versionSend to friend
Краткометражниот документарен филм „Војникот Рајан од Битола“ го прошета светот и беше презентиран дури и за време на комеморацијата на Истоварувањето во Долна Нормандија. Публиката беше трогната од животната приказна на Панде Матевски, војникот кој потекнува од Битола и бил мобилизиран во американската армија и испратен во Нормандија на Денот-Д, каде загинал на 6ти јуни 1944 година. По успехот на филмот и големиот број написи во медиумите, оваа несекојдневна приказна конечно излезе од анонимноста.
 
Иницијативата за овој филм ја инспирираше и Општината Битола која одлучи да го реновира спомен обележјето на Панде Матевски. И тие одлучија да дадат свој придонес кон оваа индивидуална лична приказна која се впишува во колективната светска историја. Панде Матевски доби спомен обележје достојно за херој.
 
Краткометражниот документарен филм „Војникот Рајан од Битола“ беше реализиран преку иницијативата на канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, ТВ Орбис и неколку локални ентузијасти кои придонесоа во голема мера приказната на Панде Матевски да влезе во историјата.
 
Видео репортажата за обновувањето на почивалиштето на Матевски, од ТВ Орбис, погледнете ја тука.
Macedonian
11.08.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“